Соопштение од 495-та итна седница на Судскиот совет на РСМ - 16.08.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 495-та итна седница на Судскиот совет на РСМ - 16.08.2024 година

Press realeses  |  Aug 16, 2024

                                                   

 

 

                                                            СООПШТЕНИЕ 

Судскиот совет на Република Северна Македонија  на итната 495-та седница одржана на ден 16.08.2024 година (петок) одлучи за следното:

  1. Донесе Решение со кое е утврден престанок на судиската функција на Наке Георгиев, судија на Врховен суд на Република Северна Македонија,  поради донесена правосилна пресуда на Основен кривичен суд Скопје I КОК ПП бр.274/24  од 15.08.2024 година врз основа на предлог  - спогодба за кривично дело  примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 7 в.в. став 3 в.в.став 2 од Кривичниот законик  со која е осуден на казна затвор во траење од 3 (три) години, а во изречената казна затвор му се засметува времето поминато во притвор од 20.05.2024 година до започнување со издржување на казната затвор и на судијата му престанува правото на плата.

 

  1. Судскиот совет на РСМ останувајќи на својата заложба за ажурно постапување и реагирање во случаи за кои има сомнеж за евентуално незаконито постапување,  а во врска со последните актуелни случувања, односно постапувањето на Основниот кривичен суд Скопје, кои ја разбрануваа јавноста, формираше работна група  во состав од членовите на Судскиот совет, и тоа:

- Александар Камбовски,

- Ханиф Зендели и

- Павлина Црвенковска

Комисијата е задолжена да ја констатира фактичката  состојба   и да изготви извештај кој веднаш да го достави до Советот, по кој Судскиот совет ќе расправа и одлучува.

Снимката од одржаната седницата во живо може да се отвори на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=30tilO1TRPg