Соопштение од 291-та седница одржана на ден 28.11.2018 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 291-та седница одржана на ден 28.11.2018 година

Press realeses  |  Nov 28, 2018
Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 291-та седница одржана на ден 28.11.2018 година, одлучи за следното...

СООПШТЕНИЕ

              
                 Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 291-та седница одржана на ден 28.11.2018 година, одлучи за следното:

1. Усвоен е:

• Записникот од 290-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 14.11.2018  година.

2. Донесена е Одлука за утврдување на кандидатски листи, и тоа:

• Општа листа за кандидат од Врховниот суд на Република Македонија:
- Лидија Неделкова, судија на Врховен суд на Република Македонија;
- Киро Здравев - судија на Врховен суд на Република Македонија.

• Општа листа за кандидат од апелационо подрачје Скопје и управните судови:
- Гордана Спиревска, судија на Основен суд Скопје 1 Скопје;
- Билјана Јачева, судија на Основен суд Велес;
- Катерина Георгиевска, судија на Апелационен суд Скопје.

• Општа листа за кандидат од апелационо подрачје Гостивар:
- Зоран Теофиловски, судија на Апелационен суд Гостивар;
- Ивица Николовски, судија на Основен суд Тетово.

• Општа листа за кандидат од апелационо подрачје Штип:
- Данка Ристова, судија на Апелационен суд Штип;
- Емил Пилатов, судија на Основен суд Штип;
- Ацо Тасев, судија на Основен суд Штип;
- Лорета Горгиева, судија на Основен суд Струмица;
- Лила Цветаноска, судија на Основен суд Радовиш.

• Единствена посебна листа на кандидатите на судиите припадници на сите заедници кои не се мнозинство во Република Македонија за целата територија на Република Македонија:
- Мирсад Суроји, судија на Основен суд Куманово;
- Хамдирефет Бафтијари, судија на Основен суд Скопје 1 Скопје;
- Сулејман Мемети, судија на Основен суд Скопје 1 Скопје;
- Насер Хаџи Ахметагиќ, судија на Основен суд Скопје 1 Скопје;
- Ќенанзија Мехмед, судија на Апелационен суд Скопје;
- Назиф Илијази, судија на Основен суд Тетово.

3. Донесена е Одлука за Измена и дополнување на Планот за јавни набавки на Судскиот совет на Република Македонија за 2018 година.

4. Разгледани и усвоени се извештаи за работата на судовите во Република Македонија за третото тромесечие за 2018 година и тоа за: Врховен суд на Република Македонија, Виш управен суд, Управен суд, апелационо подрачје Скопје, апелационо подрачје Битола, апелационо подрачје Гостивар и апелационо подрачје Штип.

5. Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Ангел Пехчевски, судија на Основен суд Берово, поради исполнување на услови за старосна пензија.

   Констатиран е престанок на функција судиja-поротник на Основен суд Скопје 2 Скопје за Светлана Ѓорчевска, по сопствено барање.

   Донесена е Одлука за времено упатување за вршење на судиската функција на судија Лилјана Додевска од Основен суд Радовиш во Основен суд Свети Николе, најдолго за период од 1 година од денот на упатувањето.