Соопштение од 226-та седница на Судски буџетски совет - 26.03.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 226-та седница на Судски буџетски совет - 26.03.2024 година

Соопштенија за јавност  |  26.3.2024

 

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 226-та седница одржана на ден 26.03.2024 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет разгледа:

  1. Записник од 213 седница на Судски буџетски совет одржана на ден 23.11.2023 година, Записник од 215 седница одржана на ден 21.12.2023 година и Записник од 216 седница одржана на ден 29.12.2023 година, по што беше констатирана согласност за содржината на записниците од страна на членовите на Судскиот буџетски совет кои биле присутни на тие седници;
  2. Усвои Одлука за необезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец март 2024 година за судските службеници и вработените во Судскиот совет на РСМ;
  3. Усвои Одлука за необезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец март 2024 година за судиите и членовите на Судскиот совет на РСМ;
  4. Под точка Разно:
  • се дискутираше за потребата од набавка на нови униформи за припадниците на судската полиција во судовите, за што судската власт ќе треба да изготви проекција за потребни финансиски средства, како и проекција за пресметка на додатоци на плата на судиите и вработените во судската власт во максимален законски износ во случај на ребаланс на Буџетот за 2024 година;
  • се дискутираше за допис од Основен суд Куманово во врска со учество на судот во проект за почист воздух и енергетска ефикасност на објект, кое прашање повторно ќе се разгледува на наредна седница;
  • се дискутираше за заклучок усвоен на средба на четирите апелациони судови во врска со правото на регрес за годишен одмор за судиите.