Соопштение за повторување на постапката против Јордан Митриновски [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за повторување на постапката против Јордан Митриновски

Press realeses  |  Nov 22, 2017
Судскиот совет на Република Македонија дозволи повторување на постапката против Јордан Митриновски - судија на Апелациониот суд Скопје, по донесена пресуда на Европскиот суд за човекови права во која е констатирана повреда ...

СООПШТЕНИЕ

Судскиот совет на Република Македонија дозволи повторување на постапката против Јордан Митриновски - судија на Апелациониот суд Скопје, по донесена пресуда на Европскиот суд за човекови права во која е констатирана повреда на член 6 став 1 од Конвенцијата за заштита на човекови права и основните слободи. Согласно член 80 став 3 од Законот за Судски совет на Република Македонија е формирана Комисија за спроведување на постапката.

Во текот на 2017 година, Комисијата закажа расправи за 27.02.2017 година, 24.04.2017 година и 11.05.2017 година, кои ги одложи по барање на Јордан Митриновски и неговите бранители.

Расправата закажана за ден 21.11.2017 година, Комисијата ја одржа во присуство на подносителот на барањето за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судиската функција, а во отсуство на судијата уредно повикан.