Конференција на тема: „Напредокот при спроведувањето на препораките од Оценската Мисија на ЕУ од страна на Судскиот совет на РСМ“ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Конференција на тема: „Напредокот при спроведувањето на препораките од Оценската Мисија на ЕУ од страна на Судскиот совет на РСМ“

Press realeses  |  Jul 8, 2024

 

Конференција на тема: „Напредокот при спроведувањето на
препораките од Оценската Мисија на ЕУ од страна
на Судскиот совет на Република Северна Македонија“

 

Судскиот совет на Република Северна Македонија одржа Конференција на тема:„Напредокот при спроведувањето на препораките од Оценската Мисија на ЕУ од страна на Судскиот совет на Република Северна Македонија“, поддржана и финансирана од Проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.

Во фокус на оваа конференција беше оценка на напредокот при спроведувањето на препораките од Оценската мисија на ЕУ, предизвиците со кои се соочува Судскиот совет, досегашните активности и активностите кои во наредниот период ќе ги превзема Советот во насока на имплементација на препораките од Оценската мисија на ЕУ, како и беше извршена презентација на Комуникациската стратегија на Судскиот совет и судовите (2024-2028).

 

Настанот го отвори д-р Дитер Шиндлауер, тим лидер на Проектот, а поздравни обраќања имаа претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија Весна Дамева, претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија судијата Беса Адеми, амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир, амбасадорот на Кралството Холандија Дирк Јан Коп и амбасадорката на САД Анџела Агелер. Воедно, на настанот беа присутни и амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер и амбасадорот на ОБСЕ Килијан Вал, кое е од особено значење бидејќи напредокот при спроведување на препораките од Оценската мисија беше пренесен на меѓународната задедница, која дава исклучителна поддршка и помош во целиот реформски процес на нашата држава.

Претседателката на Судскиот совет Дамева изрази благодарност до Проектот  „Поддршка на ЕУ за владеење на правото„, за нивната поддршка и помош, а воедно изрази и благодарност до присутните амбасадори и до меѓународната заедница воопшто, истакнувајќи дека нивните заеднички колективни напори за унапредување на демократијата, владеење на правото и човековите права се неисцрпна инспирација за судството и за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Дамева истакна дека кога откако во декември 2023 година амбасадорот Гир го достави извештајот на Оценската мисија на ЕУ, членовите на Советот знаеле дека ги очекува макотрпна работа, но по 6 месеци, со гордост може да се каже дека голем дел од тие препораки се имплементирани, а останатите се на пат да бидат имплементирани.

Се осврна на изборите и именувањата на судии, наведувајќи дека преку измени во подзаконските акти на Советот поставени се нови темели за сериозно забрзување на процесот на оценување и унапредување. Допрецизирана е постапката и унапреден е начинот на кој одлуките се образложуваат, а со промените обезбедена е конзистентност и континуитет во судскиот менаџмент и зголемена правичност за судиите.

Во врска со дисципилниските постапки, претседателката истакна дека изменети се постојните правила и пракса кои овозможуваа одолговлекување на постапките и со новите решенија постапките ќе траат многу пократко, а во врска со транспарентноста и комуникацијата, истакна дека усвоена е сеопфатна петгодишна Комуникациска стратегија за Судскиот совет и судовите. Во делот на транспарентноста наведе дека овозможен е видео-пренос во живо од сединиците, интернет објавите за работата на Советот се двојно зголемени, отворени се вратите на Судскиот совет за средношколците, студентите и граѓаните, а започнати се и брифинзи за новинарите.  Воедно, ја истакна заложбата за меѓуинституционална соработка, па во таа насока наведе дека склучени се повеќе значајни меморандуми за соработка.

Претседателката Дамева во своето обраќање ја истакна и значајноста од рестартирање на Проектот „Матра“, во рамки на кој предвидени се активности значајни за Советот, како унапредување на интегритетот. наведувајќи дека напредокот кој Судскиот совет го постигна во изминатите шест месеци не е резултат само на посветеноста и трудот на членовите на Советот, туку и на поддршката и соработката со меѓународните партнери и целокупната правосудна заедница.

На крајот од своето обраќање, Дамева наведе дека ова е само почетокот на процесот кој ќе го обезбеди неопходниот квалитет, ефикасност и независност на судството и верува дека со заеднички напори, продолжувајќи со имплементацијата на препораките, Советот ќе успее да ја зголеми довербата на граѓаните во правосудниот систем и да обезбеди правичност и транспаретност за сите.

Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, судијата Беса Адеми, во своето поздравно обраќање наведе: „Потребен е силен институционален капацитет за спроведување на реформите, однбосно за препораките на Оценската мисија на ЕУ, која мошне прецизно ги детектираше проблемите кои се рефлектираа низ целиот судски систем. Општествен консензус е дека висок приоритет се прашањата за исполнувањето на препораките на Оценската мисија кои се однесуваат на реформирањето на Судскиот совет и измените на Законот за Судскиот совет, потоа за новата Стратегија за реформа во правосудниот сектор и за зајакнувањето на довербата на граѓаните во правосудството“.

Во своето поздравно обраќање, амбасадорот Дејвид Гир наведе: „Напорите за засилување на владеењето на правото не треба да бидат направени на начин кој би ги нарушил принципите на поделба на властите. На пример, распуштањето на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители, ќе значи мешање во независноста на судската власт и ќе биде прашање за сериозна загриженост. Исто и за идејата за раздвојување на Академијата за судии и обвинители, институција која сметаме дека треба да служи како гарант за меритократија и непристрасност во судството. Јасно е што треба да се прави, да се продолжи со брзи внатрешни реформи треба. Ова значи,  целосна имплементација на препораките од Оценската мисија, Патоказот за владеење на правото и Стратегијата за правосудниот сектор. Ова значи надградба на некои од позитивните колективни чекори на кои бевме сведоци во последните шест месеци и значи потиснување на обидите за мешање од политички или деловни интереси“.

Амбасадорот на Кралството Холандија Дирк Јан Коп во своето поздравно обраќање наведе: „Оваа конференција, но и активностите преземени во изминатата година покажуваат дека Судскиот совет има потенцијал за реформи. Ова е добар почеток, а нашиот повторно започнат МАТРА проект во следните месеци ќе работи со членовите и вработените во Судскиот совет“. Амбасадорот Коп додаде: „Спроведувањето на препораките на Оценската мисија е клучно за пристапување во Европската Унија. Не само Судскиот совет, туку и Владата и Собранието имаат улога во реформите, но тие не смеат да бидат избрзани и без учество на експертите и граѓанските организации. Реформите треба да се системски, сеопфатни, инклузивни и да ги остварат стандардите на ЕУ, а се со цел да овозможат функционално, транспарентно и праведно судство“

Амбасадорката на САД Анџела Агелер во своето поздравно обраќање ја истакна важноста на Судскиот совет во трансформирањето на правосудството и нагласи дека транспарентноста е најважна за зголемување на довербата на јавноста во судството. „Извештајот на Оценската мисија на ЕУ е патоказ за реструктуирање на Судскиот совет и повторно поставување на неговата улога во рамките на правосудството. Судскиот совет е едно важно оружје во арсеналот оружје што ќе биде потребен за вистинско трансформирање на правосудството на Северна Македонија, во една институција која што им служи на своите граѓани, која што ги штити невините и ги казнува оние кои што сметаат дека се над законот.“-рече  амбасадорката Агелер.

По поздравните обраќања, членот на Советот Тања Чачарова Илиевска ги презентираше активностите кои Судскиот совет ги спроведе во насока на имплементација на преопораките од Оценската мисија на ЕУ, а членот на Советот судијата Антоанета Димовска ја презентираше Комуникациската стратегија на Судскиот совет и судовите ( 2024-2028 година).

Свои гледишта за напредокот при спроведување на препораките од Оценската мисија на ЕУ и Комуникациската стратегија дадоа претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, судијата Иван Џолев во својство на претседател на Здружението на судии, м-р Жарко Хаџи Зафиров, коосновач на Иницијативата „Отворено судство“   и Васко Маглешов, претседател на Судско-медиумскиот совет.