Соопштение од 349-та седница на Судски совет на РСМ - 15.10.2020 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 349-та седница на Судски совет на РСМ - 15.10.2020 година

Соопштенија за јавност  |  15.10.2020


СООПШТЕНИЕ

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 349-та седница одржана на ден 15.10.2020 година, одлучи за следното:


1.    Усвоен е:
•    Записникот од 347-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 21.09.2020 година.


2.    Кандидатите за избор на претседател на Основен суд Гостивар не го добија потребното мнозинство на гласови заради што на наредната седница ќе се објави нов Оглас за избор на претседател на Основен суд Гостивар.


3.    Донесена е Одлука за избор на два нови члена и претседател на Комисијата за спроведување на интервју со кандидатите од Академијата за судија и јавни обвинители, по Оглас бр.09-751/2 од 8.05.2020 година.


4.    Донесена е Одлука за објавување на Оглас за избор на претседател на Основен суд Берово.


5.    Донесена е Одлука за престанок на судиска функција на Весна Миткова, судија на Основен кривичен суд Скопје, поради исполнување на услови за старосна пензија.


6.    Донесена е Одлука за констатирање на престанок на судиja-поротник во Основен граѓански суд Скопје и Одлука за констатирање на престанок на судија-поротник во Основен суд Кочани.


7.    Донесена е Одлука со која се одби барањето за враќање во поранешна состојба.


8.    Извештаите на комисиите во повторените постапки по повод конечна пресуда на Европскиот суд за човекови права во Стразбур,   Советот ги разгледа и оцени дека е потребна нивна доработка. Избран е нов член и претседател на комисиите, поради истек на мандатот на член на Советот.


9.    Донесена е Одлука по 1 (едно) барање за утврдување на одговорност на судија да продолжи постапката и комисијата е должна да ги прибере сите потребни информации и да изготви извештај.


10.     Донесени се Одлуки по извештаите на комисиите за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд, и тоа:
-    по 2 (две) барања донесени се Одлуки со кои двајца судии се разрешени поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција.