Соопштение од 445 седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 445 седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија
Соопштенија за јавност
|
15.6.2023
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 445-та седница одржана на ден 15.06.2023 година одлучи за следното:
- Расправаше по информацијата од Владата на Република Северна Македонија по однос на препораката на Судскиот совет за продолжување со спроведување на психолошкиот тест и тестот за интегритет и се заклучи да се склучи нов анекс договор во траење од една година со постојните тела и институт, преку кои и досега биле спроведувани;
- Утврден е престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија на судија Славчо Тасев од Апелационен суд Штип и на Владо Дејаноски од Основен суд Охрид;
- Донесена е Одлука со која се усвојува барањето на судија Имсале Хасани од Управен суд за надомест на трошоци за закупнина на стан;
- Донесена е Одлука за престанок на функцијата судија поротник на Основен кривичен суд Скопје на 5 (пет) судии поротници, поради истек на мандат;
- Донесена е Одлука за избор на 5 (пет) судии поротници на Основен кривичен суд Скопје;
- Донесени се Одлуки за измена на Комисии така што:
- во Комисијата за проверка на навременоста на пријавите и комплетноста на уредноста на документите по оглас за избор на судии од кандидатите од Академијата за судии и јавни обвинители, наместо Зоран Герасимовски – претседател на Комисијата да стои Ханиф Зендели – претседател на Комисијата;
- во Комисиите за редовно оценување на работата на судиите и претседателите на судовите во РСМ за 2019, 2020, 2021 и 2022 година наместо Мирјана Радевска Стефкова – член на Комисијата да стои Лорета Горгиева – член на Комисијата, а наместо Зоран Герасимовски да стои Мирсад Суроји;
- Донесена е Одлука по Известување за фактичка состојба по поднесено барање за утврдување одговорност на судија, така што постапката по барањето продолжува;
- Донесена е Одлука со која се констатира престанок на судиската функција по сопствено барање на Шукри Сабриу,судија на Основен кривичен суд Скопје.