Соопштение од 445 седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 445 седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија

Соопштенија за јавност  |  15.6.2023

 

 

СООПШТЕНИЕ

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 445-та седница одржана на ден 15.06.2023 година одлучи за следното:

  1. Расправаше по информацијата од Владата на Република Северна Македонија по однос на препораката на Судскиот совет за продолжување со спроведување на психолошкиот тест и тестот за интегритет и се заклучи да се склучи нов анекс договор во траење од една година со постојните тела и институт, преку кои и досега биле спроведувани;
  2. Утврден е престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија на судија Славчо Тасев од Апелационен суд Штип и на Владо Дејаноски од Основен суд Охрид;
  3. Донесена е Одлука  со која се усвојува барањето на судија Имсале Хасани од Управен суд за надомест на трошоци за закупнина на стан;
  4.  Донесена е Одлука за престанок на функцијата судија поротник на        Основен кривичен суд Скопје на 5 (пет) судии поротници, поради истек на мандат;
  5.  Донесена е Одлука за избор на 5 (пет) судии поротници на Основен  кривичен суд Скопје;
  6.  Донесени се Одлуки за измена на Комисии така што:
  • во Комисијата за проверка на навременоста на пријавите и комплетноста на уредноста на документите по оглас за избор на судии од кандидатите од Академијата за судии и јавни обвинители, наместо Зоран Герасимовски – претседател на Комисијата да стои Ханиф Зендели – претседател на Комисијата;
  • во Комисиите за редовно оценување на работата на судиите и претседателите на судовите во РСМ за 2019, 2020, 2021 и 2022 година наместо Мирјана Радевска Стефкова – член на Комисијата да стои Лорета Горгиева – член на Комисијата, а наместо Зоран Герасимовски да стои Мирсад Суроји;
  1. Донесена е Одлука по Известување за фактичка состојба  по поднесено барање за утврдување одговорност на судија, така што постапката по барањето продолжува;
  2. Донесена е Одлука со која се констатира престанок на судиската функција по сопствено барање на Шукри Сабриу,судија на Основен кривичен суд Скопје.