Соопштение [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение

Соопштенија за јавност  |  09.3.2018
Од 27 Февруари до 01 Март 2018 година, во организација и со финансиска поддршка на Советот на Европа – Директорат за човекови права, ...

СООПШТЕНИЕ

          Од 27 Февруари до 01 Март 2018 година, во организација и со финансиска поддршка на Советот на Европа – Директорат за човекови права, делегација од правосудните органи во Република Македонија оствари студиска посета на судството во Англија.

          Во делегацијата свои претставници имаа Судскиот совет на РМ, Советот на јавни обвинители на РМ, судови и обвинителства во РМ, како и лица, претставници на Советот на Европа. Судскиот совет на РМ го претставуваше неговиот претседател, Зоран Караџовски.

        Во рамките на тридневната студиска посета, делегацијата се запозна со начинот на функционирањето на судовите во Англија преку официјалните средби со првите судии и преку непосредно следење на поголем број на судски постапки во Централниот кривичен суд на Лондон (The Old Bailey), Судот за човекови права, имиграција и азил, Вестминстерскиот магистратен суд, Високиот суд за човекови права, имиграција и азил, сите во Лондон, Англија. Исто така, делегацијата го посети и се информираше со начинот на работа на Судскиот колеџ во Лондон преку реализираната средба со судии кои раководат со овој судски колеџ.