Соопштение од 323-та седница одржана на ден 12.11.2019 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 323-та седница одржана на ден 12.11.2019 година

Соопштенија за јавност  |  12.11.2019
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 323-та седница одржана на ден 12.11.2019 година, одлучи за следното...


СООПШТЕНИЕ

      Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 323-та седница одржана на ден 12.11.2019 година, одлучи за следното:

1.Усвоен е:
• Записникот од 319-та седница на Судскиот совет на Република Северна  Македонија од 30.09.2019 година и 1.10.2019  година.

2.Донесена е Одлука по Приговор поднесен од судија против Решение за утврдување на додаток на плата за месец Септември 2019 година.

3.Донесена е Одлука за надоместок на патни трошоци на судија.

4.Донесена е Одлука за зголемување на бројот на судиски места во Врховен суд на РСМ, и тоа за 3 (три) судиски места.

5.Донесена е Одлука за објавување на Оглас за 3 (тројца) судии во Врховен суд на РСМ од граѓанска област.

6.Донесена е Одлука по Извештај на Комисија во повторена постапка по повод конечната пресуда на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

7.Донесени се одлуки по извештаите на комисиите за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд, и тоа:
- по две барања се донесени одлуки со кои е запрена постапката.

8.Формирaни се комисии на известители по 13 (тринаесет) поднесени барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.