Соопштение од 466-та седница на Судскиот совет на РСМ - 27.11.2023 и 05.12.2023 година
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 466-та седница на Судскиот совет на РСМ - 27.11.2023 и 05.12.2023 година
Соопштенија за јавност
|
05.12.2023
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 466-та седница одржана на ден 27.11.2023 година и продолжение на 05.12.2023 година го измени и дополни Дневниот ред и одлучи за следното:
- Разгледана е Нацрт-измената на Колективниот договор за административните службеници и другите вработени во Судскиот совет на Република Северна Македонија и донесен е Заклучок да се продолжи со медијација;
- Разгледан е и усвоен Предлог-правилник за измена на Правилникот за систематизација на работни места во Судски совет на Република Северна Македонија;
- Одлучено е по барање за патни трошоци;
- Расправаше по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Северна Македонија и тоа:
УПП бр. 319/23;
УПП бр. 303/23, 334/23, 366/23;
УПП бр. 239/23, 290/23;
УПП бр. 326/23, 364/23;
УПП бр. 314/23, 347/23;
УПП бр. 315/23, 336/23, 341/23;
УПП бр. 218/23, 292/23, 300/23, 311/23, 333/23;
УПП бр. 259/23, 304/23, 330/23;
УПП бр. 302/23, 312/23 и
УПП бр. 328/23, 338/23;
Претставките УПП 277/23, 307/23, 335/23 и 348/23 се одложени;
- Разгледани се извештаите од работните посети на Основен граѓански суд Скопје, Основен кривичен суд Скопје, Апелационен суд Скопје и Врховен суд на РСМ;
- Донесена е Одлука за запирање на постапка по барање за утврдување на одговорност;
- Формирана е Комисија за потребата за измена на донесување подзаконски акти од Советот во состав:
- М-р Миљазим Мустафа – претседател на Комисија,
- Мирсад Суроји – член на Комисија и
- Ханиф Зендели – член на Комисија.