Соопштение од 272-та седница од 15.02.2018 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 272-та седница од 15.02.2018 година

Соопштенија за јавност  |  16.2.2018
Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 272-та седница одржана на ден 15.02.2018 година одлучи за следното...

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 272-та седница одржана на ден 15.02.2018 година одлучи за следното:
1.    Усвоен е:
•    
Записникот од 271-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 23.01.2018 година.

2.   Формирана е Комисија за утврдување на бројот на слободни судиски места во основните судови во Република Македонија, за VII-та генерација кандидати на судии во  Академијата за судии и јавни обвинители.

3.    Формирана е Комисија за утврдување на ориентациониот број на предмети што треба да ги реши судијата месечно во основните, апелационите, Управниот суд, Вишиот управен суд и Врховниот суд на Република Македонија.

4.    Разгледани и усвоени се извештаите за работата на судовите во Република Македонија за четврто тромесечие за 2017 година и тоа за: Врховниот суд на Република Македонија, Вишиот управен суд, Управниот суд, судовите на апелационото подрачје Битола, апелационото подрачје Гостивар, апелационото подрачје Скопје и апелационото подрачје Штип.

5.    Донесени се одлуки за определување на овластени подносители од редот на членовите на Судскиот совет на Република Македонија, по 4(четири) поднесени  барања за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судиската функција од Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија.

6.   По 1 (едно) Барање за поведување на постапка за утврдување на одговорност за судија, превземени се дополнителни дејствија заради утвдрдување дали барањето е навремено, дозволено и целосно.

 7.  Донесени се одлуки со кои е дозволено повторување на постапките, по 5 (пет) предмети оформени по повод конечните пресуди на Европскиот суд за човекови права.

8.   Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Зуица Наумова, судија на Апелационен суд Скопје, поради исполнување на услови за старосна пензија.

       Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Радица Ристеска, судија на Основен суд Охрид, поради исполнување на услови за старосна пензија.

       Констатиран е престанок на функција на судија-поротник на Основен суд Велес за Василка Панова, по сопствено барање.
      Констатиран е престанок на функција на судија-поротник на Основен суд Охрид за Демир Далип, по сопствено  барање