Соопштение [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение

Press realeses  |  Mar 7, 2018
На иницијатива на повеќе претседатели на судови во Република Македонија ...

СООПШТЕНИЕ

         На иницијатива на повеќе претседатели на судови во Република Македонија во просториите на Судскиот совет на Република Македонија на 07.03.2018 година (четврток) во 11,00 часот се одржа работен состанок на претседателите на судовите и претседателот на  Судскиот совет на Република Македонија и на Судскиот буџетски совет во врска со повеќе актуелни тековни прашања за работата на судовите.

        Конкретно беа разменети мислења во врска со доставено писмено барање од страна на Генералниот секретар на Владата на Република Македонија испратено до претседателите на судовите во Република Македонија на 06.03.2018 година, за материјално финансиската состојба на судовите, кадровската екипираност во истите, потребата за преземање на понатамошни активности во насока на унапредување на статусот на судиите и судските службеници и активности за зголемување на нивните плати во наредниот период, за внесување на податоци за вработените во судовите во ИСУЧР (Информационен систем за управување со човечки ресурси) при Министерството за информатичко општество и администрација, како и други тековни прашања поврзани со работата и функционирањето на судовите во Република Македонија.