Присуство на претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија на регионална конференција [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Присуство на претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија на регионална конференција

Press realeses  |  May 23, 2024

 

 

 

Присуство на претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија на регионална конференција 

Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева присуствуваше на Регионалната конференција, огранизирана од Aкадемијата за судии и јавни обвинители на РСМ и Правосудната академија на Р.Турција, која е дел од настаните кои се одржуваат во периодот од 22 до 24 мај 2024 година.

Настаните се посветени на современите прашања поврзани со човековите права, која реализација е финансирана и поддржана од страна на Турската агенција за соработка и координација-ТИКА, како и од Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор- ДЦАФ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Во своето воведно обраќање претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија ја поздрави реализацијата на овој настан на кој присуствуваа учесници од неколку земји од регионот, со надеж дека настани од ваков вид ќе продолжат во иднина. Истакна дека регионалната институционална соработка е од особено значење заради компаративна размена на искуства и знаења, а споделувањето на искуства и запознавање со праксата на Европскиот суд за човекови права е во насока на заштита на основните слободи и права на човекот и граѓанинот.