Соопштение од 206-та седница на Судски буџетски совет - 17.07.2023 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 206-та седница на Судски буџетски совет - 17.07.2023 година

Соопштенија за јавност  |  18.7.2023

 

СООПШТЕНИЕ


     Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 206-та седница одржана на ден 17.07.2023 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет, изврши измена и дополна на дневниот ред, по што донесе повеќе заклучоци и усвои:

1.    Записник од 202-та седница на Судски буџетски совет одржана на ден 06.06.2023 година и Записник од 203-та седница на Судски буџетски совет одржана на ден 26.06.2023 година;


2.    Го разгледа Буџетскиот циркулар за 2024 година и Инструкциите за подготовка на предлог буџетските барања на единките корисници на судската власт за 2024 година, по што усвои заклучок истите со дополнителни објаснувања да бидат доставени до единките корисници, кои имаат обврска своите предлог буџетски барања за 2024-та година да ги достават до СБС најдоцна до 04.08.2023 година;


3.    Усвои Одлука за Измена и дополна на Годишна програма за капитални расходи од Буџет-Судска власт за 2023 година;


4.    Разгледа Информација за доставените пресметки од судовите за исплата на трошоците за хранарина за ноќна работа, превоз и бонус плата на припадниците од судската полиција и усвои заклучок за постапувањето на судовите за реализација на горенаведените права;


5.    Усвои Одлука за изменување и дополнување на Одлука бр.02-194/15 од 13.02.2023 година за распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2023 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација, за сметка на сопствени приходи 631;


6.     Усвои Одлука за необезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец јули 2023 година за судиите, членовите на Судскиот совет на РСМ, судските службеници, вработените во Судскиот совет на РСМ и во Академијата за судии и јавни обвинители;


7.    Усвои Заклучок во врска со потребата од воедначена пресметка и исплата на надоместок за прекувремена работа согласно одредбите од Закон за судска служба и Закон за работни односи.