Соопштение од 198-та седница на Судски буџетски совет - 31.03.2023 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 198-та седница на Судски буџетски совет - 31.03.2023 година

Соопштенија за јавност  |  31.3.2023

 

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 198-та седница одржана на ден 31.03.2023 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет донесе повеќе заклучоци и усвои:

 

  1. Заклучок за основица за пресметка на платата на избраните и именуваните лица, вклучително и на членовите на Судскиот совет на РСМ и на судиите во државата;
  2. Донесе Одлука дека не се обезбедени финансиски средства за исплата на додатоци на плата за месец март, врз основа на укажувањето од Министерството за финансии дека во буџетот на судската власт нема фискален простор за исплата на додатоци на плата за месец март, со објаснување дека согласно прописите од буџетското работење не треба да се преземаат обврски над лимитот од одобрените средства со буџетот;
  3. Разгледа барање од Министерство за финансии бр.08-4346/1 од 13.03.2023 година за податоци за подготовка на Фискална стратегија за наредниот среднорочен план 2024-2028 година, и донесе заклучок: стручната служба на СБС во координација со Врховниот суд на РСМ да изготви пресметка за набавка на нови софтверски системи и истата да ја достави до Министерството за финансии;
  4. Даде Согласност за измена на годишен план за вработување на Судскиот совет на Република Северна Македонија согласно доставено барање;
  5. Даде Согласност за измена на годишен план за вработување на Академијата за судии и јавни обвинители согласно доставено барање.