Соопштение од 225-та седница на Судски буџетски совет - 20.03.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 225-та седница на Судски буџетски совет - 20.03.2024 година

Соопштенија за јавност  |  20.3.2024

 

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 225-та седница одржана на ден 20.03.2024 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет разгледа:

1. Податоци за потребни средства за основно сценарио и сценарио на нови иницијативи за подготовка на Фискална стратегија за наредниот среднорочен период 2025-2029 година, согласно барање податоци на Министерство за финансии бр.08-3587/1 од 05.03.2024 година.

2. Во врска со доставените податоци, Судскиот буџетски совет усвои основно сценарио и сценарио на нови иницијативи за подготовка на Фискална стратегија за наредниот среднорочен период 2025-2029 година, во кои се вклучени следните нови иницијативи:

      1. Mастер реновирање на објекти Судска палата – Врховен суд на РСМ и Апелационен суд Скопје, што опфаќа: реновирање на фасада на ВСРСМ, реновирање на салата за општи седници, за седници на судии и големата сала во ВСРСМ, замена на прозорци на АС Скопје, реновирање на топловодни и ПП инсталации во двете згради и други зафати потребни за поопфатно реновирање на зградите.

2. Зелени судови со уредни архивски простории – опфаќа повеќе активности од областа на енергетската ефикасност согласно пропишани стандарди како замена на прозорци, термо фасади, замена на кров и инсталирање на фотоволтаична опрема и слично, на што се надоврзува уредувањето на  архивските простории.

3. Унапредена веб достапност на судовите и воспоставување на Case data management system по апелациони подрачја и во управното судство – опфаќа активности за надградба на веб страниците на судовите со нови содржини со цел олеснување на пребарувањето на содржините и подобрување на веб сервисите што придонесува за зголемување на достапност и транспарентноста на единките корисници на  судската власт, како и активности за меѓусебно мрежно поврзување на судовите во Case data management system.