Соопштение од 225-та седница на Судски буџетски совет - 20.03.2024 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 225-та седница на Судски буџетски совет - 20.03.2024 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 225-та седница одржана на ден 20.03.2024 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет разгледа:
1. Податоци за потребни средства за основно сценарио и сценарио на нови иницијативи за подготовка на Фискална стратегија за наредниот среднорочен период 2025-2029 година, согласно барање податоци на Министерство за финансии бр.08-3587/1 од 05.03.2024 година.
2. Во врска со доставените податоци, Судскиот буџетски совет усвои основно сценарио и сценарио на нови иницијативи за подготовка на Фискална стратегија за наредниот среднорочен период 2025-2029 година, во кои се вклучени следните нови иницијативи:
1. Mастер реновирање на објекти Судска палата – Врховен суд на РСМ и Апелационен суд Скопје, што опфаќа: реновирање на фасада на ВСРСМ, реновирање на салата за општи седници, за седници на судии и големата сала во ВСРСМ, замена на прозорци на АС Скопје, реновирање на топловодни и ПП инсталации во двете згради и други зафати потребни за поопфатно реновирање на зградите.
2. Зелени судови со уредни архивски простории – опфаќа повеќе активности од областа на енергетската ефикасност согласно пропишани стандарди како замена на прозорци, термо фасади, замена на кров и инсталирање на фотоволтаична опрема и слично, на што се надоврзува уредувањето на архивските простории.
3. Унапредена веб достапност на судовите и воспоставување на Case data management system по апелациони подрачја и во управното судство – опфаќа активности за надградба на веб страниците на судовите со нови содржини со цел олеснување на пребарувањето на содржините и подобрување на веб сервисите што придонесува за зголемување на достапност и транспарентноста на единките корисници на судската власт, како и активности за меѓусебно мрежно поврзување на судовите во Case data management system.