Програма и акционен план за превенција и следење на корупцијата во судството 2022 - 2025 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Програма и акционен план за превенција и следење на корупцијата во судството 2022 - 2025

Соопштенија за јавност  |  07.9.2022

                   Република Северна Македонија

                  Republika e Maqedonisë së Veriut

 

СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

KËSHILLI GJYQËSOR I REPUBLIKËS SË MAQEDONISË SË VERIUT

 

 

 

         ПРОГРАМА  И АКЦИОНЕН  ПЛАН

за превенција и следење на  корупцијата  во судството

2022 - 2025

 

 

 

 

 

2022 година

 

 

 

 

 

 

 

 

СОДРЖИНА:

 

 

 

 

 

ВОВЕД   ------------------------------------------------------------------------------ 3

Листа на поими   --------------------------------------------------------------- 4

 

СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА-- 6    

Надлежности  --------------------------------------------------------------- 6

Закони и подзаконси акти, стратегии и планови----------------- 6

 

ПРОЦЕНКА НА РИЗИЦИ ОД КОРУПЦИЈА ---------------------------- 7

Клучни фактори во борба со корупцијата ------------------------- 8

Идентификување на факторите од ризик од корупција -------10

Анализа на ризикот од коруција ------------------------------------- 11

 

ЦЕЛИ  ------------------------------------------------------------------------------- 13

 

ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА АКЦИОНИОТ  ПЛАН -------------------- 14

 

 

Корупцијата како негативна општетствена појава – феномен што се јавува во сите држави бара брзи одговори и јасна акција во нејзиното сузбивање. Корупцијата како таква може да предизвика несогледливи последици врз владеењето на правото, човековите права  и слободи, да ја поткопа довербата на граѓаните во државните и јавните институции и др. Затоа законодавната, извршната и судската власт во Република Северна Македонија треба да имаат главна улога во борбата против корупцијата и во создавањето на ефективен систем способен да се бори против овој деструктивен феномен.

Согласно заложбите на Владата на Република Северна Македонија во борбата против корупцијата и со усвојувањето на Националната стратегија за спречувањето на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 година од страна на Државната комисија за спречување на корупција, Република Северна Македонија активно се вклучува во спречување на корупцијата или минимализирање на штетните последици од истата.

Спроведувањето на Националната стратегија треба да придонесе да се намали нивото на корупција, да се подобри интегритетот, транспарентноста и отчетноста во сите сектори на општеството, а со тоа да се обезбеди јавноста да има повисока доверба во работата на законодавната, судската и извршната власт.

Успешната антикорупциска политика е дел и од процесот на евроинтеграции, а имплемантацијата на националната стратегијата  може значително да го промени текот на развој на македонското општество кон подобросо преземање на реформски активности. 

Компетитивен, правичен, ефективен и непристрасен правосуден систем, независен од политичко влијание е суштинска основа  во борбата против корупцијата, како и за способноста на органите за спроведување на законот да детектираат, истражуваат и гонат кривични дела за корупција. Механизмите за откривање и санкционирање на корупција и неетичко однесување во судството и органите за спроведување на закон мора да бидат функционални.

Со оглед дека владеење на правото, независност на правосудството, доследна и неселективна борба против криминалот и корупцијата со широка и обврзувачка транспарентност е една од стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија, а имплеметацијата на Стратегијата треба да биде примарна агенда на сите релевантни институции вклучени во истата, Судскиот совет на Република Северна Македонија како самостоен и независен орган на судството и клучен фактор за владеење на правото активно се вклучува во борбата со корупцијата и во намалување на можностите за истата во рамките на делокругот на своите надлежности

Воден од принципите на законитост, интегритет, еднаквост, објективност, неселективност, јавност и заштита и одговорност, а со цел почитување на владеењето на правото, Судскиот совет на Република Северна Македонија е насочен кон превземање на низа мерки и активности за справување со корупцијата во судството, вклучително и со овој Акционен план за следење на корупцијата во судството за чие изготвување  Судскиот совет на Република Северна Македонија донесе одлука на 368-та седница одржана на ден 30.03.2021година .

Акциониот план ги идентификува клучните фактори во борбата со корупцијата, областите и ризиците од корупција, можните форми на корупција во судството, целните групи,  со цел да воспостави ефикасен систем на мерки и активности кои ќе овозможат превенција и борба со корупцијата,  и градење на независно и ефикасно судство,  кое ќе работи без надворешни влијанија и притисоци, и интегритет во борбата со корупцијата.

Акциониот план ќе биде водич за мерките и активности кои Судскиот совет ќе ги превземе за борбата против корупцијата.

 

Листа на поими

 

Под поимот “Корупцијасе подразбира злоупотреба на функцијата, јавното овластување, службената должност или положба заради остварување корист, директно или преку посредник, за себе или за друг.

            Притоа, под овој поим се опфатени и поимите:

- Пасивна корупција– намерно делување на службено лице, кое директно или преку посредник, бара или прима корист од каков било вид, за себе или за трето лице, или прифаќа ветување на ваква корист, с о цел да делува или да се воздржува од делување во согласност со своите обврски или да ги врши неговите надлежности спротивно на службените обврски; и

 - Активна корупција- намерно делување на кое било лице кое директно или преку посредник, ветува или дава корист од каков било вид на службено лице, за него или за трето лице, со цел да делува или да се воздржува од делување во согласност со неговите обврски или да ги врши неговите надлежности спротивно на службените обврски

Под поимот Јавен интерессе подразбира заштита на основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати с о меѓународното право и утврдени со Уставот на Република Северна Македонија, спречување на ризиците за здравјето, одбраната и безбедноста, заштита на животната средина и н априродата, заштита на сопственоста и на слободата на пазарот и претприемништвото, владеење на правото и спречување на криминалот и корупцијата

Под поимотПриватен интерессе подразбира материјален или нематеријален интерес на службеното лице што може да влијае врз неговото одлучување при вршењето на јавните овластувања или службени должности.

Под поимотСудир на интереси се подразбира состојба во која службеното лице има приватен интерес што влијае или може да влијае врз непристрасното вршење на неговите јавни овластувања или службени должности

Под поимотРизик од корупција“ се подразбира кој било вид на внатрешна или надворешна слабост или постапка која претставува можност за појава на корупција во рамките на државни органи, јавни претпријатија и други институции од јавниот сектор и кој ги вклучува прашањата за судир на интереси, неспоивост на функции, примање подароци и други нелегални плаќања, лобирање, недостаток на систем за заштита на укажувачи, измами, несоодветно користење на овластувањата, дискрециони овластувања, финансирање на политички партии и кампањи спротивно на закон, тргување или недозволено користење на информации, транспарентност на постапки и документи и други прашања од значење за интегритетот.

Под поимотИнтегритетсе подразбира законито, независно, непристрасно, етичко, одговорно и транспарентно вршење на работи со кои службените лица го чуваат својот углед и угледот на институцијата во која се одговорно лице, односно се вработени, ги елиминираат ризиците и ги отстрануваат сомневањата во можноста од настанување и развој на корупција и со тоа обезбедуваат доверба кај граѓаните во вршењето на јавните функции и во работата на јавните институции.

Под поимотНепотизамво најширока смисла, се подразбира влијание на семејните и роднинските врски при донесување на одлуки.

Под поимотКлиентелизамсе подразбира давање привилегии или придобивки на клиентот во замена за услуги, придобивки .

Под поимотКронизамнајчесто опфаќа ситуации во кои се претпочитаат пријатели или соработници, без оглед на тоа колку се соодветни. Најголема веројатност за појава на кронизам има во контекст на именувања кои се вршат независно од копетенциите, но може да се појави и во која било инстанца кога се практикуваат дискреционите права.

 

 

 

 

 

СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

 

Надлежности

Судскиот совет на Република Македонија  е самостоен и независен орган на судството. Советот ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт, преку остварување на своите функции согласно со Уставот и законите.

Судскиот совет има надлежност: да ги избира и разрешува судиите, да ги избира и разрешува претседателите на судовите,да утврдува престанок на судиската функција, да избира и разрешува судии поротници,да ја следи и оценува работата на судиите,да одлучува за дисциплинска одговорност на судиите,да утврдува нестручно и несовесно вршење на судиската функција, да утврдува престанок на судиска функција поради трајна неспособност за работа на судија, да одлучува за одземање на имунитет на судија,да одлучува по барање за одобрување на притвор на судија; да предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија од редот на судиите,  да го разгледува годишниот извештај на Врховниот суд на Република Македонија за утврдените начелни ставови и начелни правни мислења по прашања од значење за обезбедување на единство во примена на законите,  да одлучува за времено отстранување на судија од вршење на судиска функција и член на совет од вршење на функцијата член на совет, да го утврдува бројот на потребните судиски места по судови,да ги разгледува и оценува тримесечните и годишните извештаи за работа на судовите и истите јавно да ги објави на својата веб страница, ида постапува по претставки и поплаки на граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите,да се грижи за угледот на судиите и довербата на граѓаните кон судството, да поднесува годишен извештај за работата,да донесе деловник и други општи акти со кои ги уредува работите од својата надлежност, да утврдува ориентационен број на предмети што треба да ги реши судијата месечно и да врши и други работи утврдени со закон.

 

Закони и подзаконски акти

  • Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси
  • Закон за заштита на укажувачите
  • Закон за Судскиот совет на Република Северна Македонија
  • Закон за судскиот буџет
  • Закон за судовите
  • Закон за плати на членовите на Судскиот совет
  • Закон за плати на судиите
  • Закон за судската служба
  • Закон за административни службеници
  • Закон за Академија на судии и јавни обвинители
  • Закон за управување со движење на предметите
  • Закон  за постапување по претставки и предлози
  • Закон за слободен пристап до информациите од јавен каратктер
  • Деловник за работа на Судскиот совет на РСМ
  • Судскиот деловник
  • Правилник  за начинот  на  постапување  по претставки и предлози
  • Правилник за начинот на рангирање на кандидатите за избор на судии во повисок суд
  • Правилник за начинот на рангирање на кандидатите за судии од Академијата за судии и јавни обвинители
  • Правилник за додатоци на плата, нивната висина и начинот на утврдување за судските службеници
  • Правилник за додатоци на плата, нивната висина и начинот на утврдување за судиите во Република Македонија
  • Етички кодекс за членовите на Судскиот совет на РСМ
  • Кодекс за  етика на судиите и судиите поротници

 

 

Стратегии и планови

  • Национална стратегија за спречување на корупција и судир на интереси 2021-2025
  • Стратегија за реформа на правосудниот систем за периодот 2017-2022 со акциски план
  • Стратешки план на ССРСМ

 

 

 

 

ПРОЦЕНКА НА РИЗИЦИ ОД КОРУПЦИЈА ВО СУДСТВОТО

 

Проценката на ризиците од корупција е појдовен елемент во процесот на стратешко планирање на борбата против корупцијата и  справување со судирот на интереси. Проценката на ризици од корупција треба да обезбеди утврдување на факторите што претставуваат закана од корупција, нивна анализа и оценување на ризикот (определување на степенот на заканата) за појава на корупција, како и приоритизирање на ризиците за да бидат соодветно адресирани.

 

 

 

Клучни фактори во борба со корупцијата во судството

 

Независноста

Поддршката за воспоставување независно судство е од големо значење за создавање поволна правна клима во која судовите ќе работат со посебен акцент на  постапките за кривични дела со коруптивен елемент, особено кога станува збор за високо ниво на корупција. Кога станува збор за вакви случаи, неопходно е судовите да дејствуваат објективно и независно од надворешните влијанија. Кога станува збор за независноста на судството, треба да се обрне внимание на независноста на судовите и судиите од политичко влијание и секаков облик на надворешно влијание.

 

Јавното мислење

Прецепцијата на јавноста за корупцијата е важен параметар за мерење на нивото на корупција со кое се соочуваат државите. Висок процент на недоверба има директни последици и се смета за важно прашање бидејќи е сериозно ја поткопува довербата на граѓаните во институциите. Довербата на јавноста судството е од клучно значење во системот на кривичната правда, на кој акцент става и Европскиот суд за човекови права Во таа насока треба да развива ефективна политика за комуникација во рамките на судскиот систем, што би вклучило општи стандарди и правила на однесување .

 

Судирот на интереси

Ситуации на судир на интереси кои сериозно го поткопуваат интегритетот и транспарентноста на  институциите  се едни од најважните причини за недоверба на јавноста, особено во судството. Надзорната улога на Судскиот совет е  клучна во спречувањето и решавањето на судирот на интереси преку  зајакнати механизми за давање насоки и совети,  проактивен пристап кон подигање на свеста и зголемување на знаењето, како и мобилизирање на Академијата за судии и јавни обвинители да  одигра важна улога во редовната обука и евалуација на судиите.

 

Интегритет на човечки фактор

Јакнење на интегритетот на човечкиот фактор во судството преку афирмација на кодексите за професионално однесување. Како ризична област кодексите генерално воспоставуваат задоволителна рамка за стандардите на професионално однесување на судиите и членовите на Советот, меѓутоа истите не се пропратени со соодветни примери и коментари, кои би ја олесниле нивната примена. Треба да се запознаваат судиите со стандардите регулирани со кодексот за професионално однесување преку задолжителни обуки за судиите заради  имплементација на истите. Ова доведува до ситуација Судскиот совет да нема доволен увид во ангажманите на судиите надвор од нивната основна должност и за влијанието на таквиот ангажман врз извршувањето на судиската функција.

 

Волјата/мотивот

Судијата треба да има волја/мотив да се справи со сложени или чувствителни судски случаи, како и со случаи на висока корупција. Подобрувањето може да се постигне преку редовна обука и евалуација на судиите и претседателите на судовите .

 

Транспарентност

Употребата на современи информациски технологии е од суштинско значење за да се зголеми транспарентноста на системот.  Судските рочишта треба да бидат јавни, освен ако, од оправдани причини, поинаку не е предвидено со закон, или кога, според мислењето на суд, приватноста не смее да се наруши. Ажурноста на информации и објавување на судските одлуки, јакнење на човечки капацитети и технички услови, ќе ја зголеми јавноста и транспарентноста

 

Одговорност

Прекршување на етички како и на професионални должности, исто така, може да доведе до одговорност. Законот за судовите не се повикува на етичкиот кодекс како материјален пропис, чие прекршување би се дефинирало како дисциплинска повреда. На тој начин не постои конекција помеѓу кодексот за професионално однесување на судиите и одредбите предвидени со Законот за судовите.

 

Ефикасност

Еден од најголемите проблеми е ефикасност на судските постапки. Премногу долгото траење на судските постапки го прекршуваат правото на судење во разумен рок, ги зголемуваат можностите за слаби резултати и доведуваат до општа недоверба во судството. Исто така, постои ризик, меѓу другото, дека случаите на корупција ќе станат застарени. Решавање на  старите случаи мора да се дефинира како приоритет преку имплементација на единствените програми за нивно решавање. Исто така и рачната распределбата на судските предмети е плодна почва за корупција.

 

Идентификување на факторите на ризик од корупција

 

 

Под фактор на ризик од корупција се подразбира сè што може да биде „прозор“ за/кон корупција, односно сè што може да поттикне вршење и/или толерирање на корупција.

 

Системски/надворешни фактори на ризикот од корупција:

  • Политичко влијание   и општа перцепција за политизирано судство во Република Северна Македонија.
  • Правната рамка на секторот судство е задоволителна. Следи примената на легислативата, посебно во однос на оценувањето на судиите и распределбата на судски предмети.
  • Постои недоверба во судските органи, потхранета од ниската стапка на разрешници на важни судски случаи поврзани со корупција и злоупотреба на службената позиција.
  • Динамиката  на носење судски одлуки за значајни случаи е бавно и диктирано од различни фактори, вклучително и политичка волја и влијание.
  • Нарушувањето на автономијата на јавното обвинителство е штетна за

функционирањето на судството.

  • Недоволна свест и знаење на граѓаните каде да достават поплаки или барања за утврдување  одговорност  за корупција и судир на интереси во судството и како тече нивното процесирање.
  • Бавност/неефикасност и неефективност на судските постапки
  • Непознавање на етичките кодекси. Потреба од развивање на  култура на интегритет.

 

Институционални/организациски фактори на ризикот од корупција:

  • Можности за развивање на спрега помеѓу различни актери во правосудниот систем (обвинители – судии – адвокати).
  • Несоодветно развиен/применет систем на оценување во правосудните органи.Правната рамка дава можност за оценување на судиите по потреба, механизам кој недоволно се користи.
  • Малиот број на судии кои  во минатото  беа   процесирани  остава впечаток на „недопирливост“ на судските органи.
  • Недоволно ефикасен и недоволно ефективен систем на процесирање на судски случаи – нема брзи разрешници на битни случаи.
  • Проблеми при примена на стандарди, различно ниво на компетентност на судиите.

 

 

Човечки фактори на ризикот од корупција:

  • Недостаток на интегритет
  • Подложност на политичко/партиско влијание
  • Изложеност на притисоци на работа и/или во приватниот живот
  • Недостаток на знаење и други компетенции
  • Свесно практикување на судир на интереси

 

Фактори на ризик од корупција поврзани со процесот на работа во судството:

  • Процесот на електронска распределба на судските предмети треба да обезбеди објективност на процесите, меѓутоа во пракса се случува пракса на субјектива распределба на судските предмети од раководното лице
  • Градењето на непрофесионални спреги помеѓу обвинители – судии – адвокати негативно  влијае на судските процеси

 

Анализа на ризикот од корупција

 

Согласно идентификуваните фактори на ризици, критичните точки за корупција во судството може да се сумираат на следниот начин:

  • Несоодветна примена на правната регулатива во однос на распределбата на предметите и оценувањето на судиите;
  • Исклучително силно значење на интегритетот на човечкиот фактор во секторот судство;
  • „Недопирливост“ на судство – непроцесирање на постапки за злоупотреба на позицијата или судир на интереси од страна на судии;
  • Малата општествена средина во земјата овозможува релативно лесен и брз пристап, и оттаму, обид за влијание на заинтересираните страни врз судиите и другите актери во правосудниот систем
  • Недоволна економска смаостојност на судскиот систем од извршната  власт која дирекно се одразува на  условите за работа и човечките ресурси.

 

Можни форми на корупција во судството :

  • Злоупотреба на службената позиција
  • Поткуп
  • Подароци
  • Тргување со влијание
  • Судир на интереси
  • Непотизам

 

Од анализата произлегува дека основната дејност во секторот правосудство носи во себе ризик од корупција. Тековно, интегритетот на човечките ресурси е клучен фактор дали ќе се случи корупција или не.

 

Посредна корупција

 

Ризик од висок степен на посредна корупција и изразен судир на интереси

  • Судии чии деца или други блиски роднини  се адвокати или се вработени во адвокатски друштва кои постапуваат во предмети по кои постапува судијата

Среден ризик од посредна корупција и судир на интереси

  • Судии чии деца или други блиски роднини-адвокати работат во иста област како судијата и во исто подрачје во кое постапува судијата. Ова од причини што судијата голем дел од времето го посветува во вршење на адвокатска работа, на начин што дава совети изготвува тужби, жалби, разни поднесоци и надвор од своите надлежности  се впушта во решавање предмети на свои колеги со дитекно или индирекно влијание.

Директна корупција

  • Судии кои се во директна врска со странката-примаат поткуп.
  • Судии кои се во блиски односи со адвокати и свесно се доведуваат во состојба адвокатите да го користат блиското пријателство со нив, за да остават впечаток кај странките дека тие имаат врски кои можат да им помогнат и добијат спорови во своја корист. Адвокатите позамашно наплаќаат за оваа поворзаност со судијата при што парите се делат помеѓу адвокатот и судијата или на судијата му се исплаќа некаков надоместок во одмор, скапи поклони и слично.
  • Судии во спрега со судската администрација, овие односи функционираат на ист начин како и во втората целна група, но наместо адвокат се јавува судски службеник, кој како близок со судијата за надомест врши преговарање и договорање со странките
  • Судската администрација, која се претставува како фактор во пресудувањето и дека се блиски со одделни судии, па за награда за која странката смета дека се дава на  судијата, ветуваат дека ќе се залагаат за решавање на спорот во корист на странката и оние кои за ситна награда во пари, храна или  мал подарок  влијаат одделни права странките да можат побргу да се остварат, други да неможат да се остварат, некои одлуки иако правосилни да не се извршат и застарат итн.
  • Адвокатите кои ги користат судиите за поголема заработка. Случаи кога се користи судијата за од странката да се извлечат повеќе пари, многу повеќе од адвокатската тарифа. Во ваквите случаи странката е убедена дека адвокатот ги зема парите по барање на судијата за да му ги даде, иако тие всушност завршуваат кај адвокатот, а судијата воопшто не ни знае дека неговото име и авторитет се искористени за вакви ниски цели. Крајниот резултат е недоверба во судството и огромна убеденост дека судијата е корумпиран и дека само со пари се завршува предмет во своја корист, иако можеби во тој предмет не ни можело да се донесе поинаква одлука
  • Јавните обвинители кои поради својата корумпираност поднесува обвинение, навидум исполнувајќи ја својата обрска, но по кое обвинение гледано од стручна страна нема можност да се донесе осудителна пресуда, па кога ќе биде донесена таква пресуда целиот повик е по судијата и судството, а никој не ја споменува одговорноста на обвинителот и контролата  на тој дел од правосудството е скоро невидлива.

 

Покрај ризикот од корупција кој е поврзан со основната дејност на секторот судство,  во овој сектор се значајни и ризиците од корупција во хоризонталните области и тоа: ризик од корупција во јавните набавки и ризик од корупција при вработувањата во судовите.

Во однос на хоризоналните области на ризици мора да се напомене дека ризиците од корупција во хоризонталните области и ризиците поврзани со основната дејност на судството се однесуваат на различни актери во процесите – јавни набавки (раководни лица и јавни службеници задолжени за јавни набавки), вработувања во судовите (судии и судски службеници)

 

 

 

ЦЕЛИ

 

Акциониот план има за цел да воспостави ефикасен систем на мерки и активности кои ќе озвозможат превенција и борба со корупцијата  и да остварат цели кои ќе ги намалат проблемите и ризичните фактори за појава на корупција:

 

  • Зголемување на нивото на одговорност и демонстрирана волја за борба против корупцијата;
  • Јакнење на интегритетот и отчетноста на судиите и судската служба, членовите на Судскиот совет и вработените во Стручната служба на Советот базирано на систем на вредности и критериуми за квалитет;
  • Спроведување на надлежностите на Судскиот совет на законски, транспарентен, етички, економичен, одговорен и ефективен начин;
  • Подршка во дигитализација на судството
  • Јакнење  транспарентноста  во работењето;
  • Подигнување на јавната свест и спроведување антикорупциска едукација;
  • Мотивирање  граѓаните да пријават корупција и судир на интереси.
  • Зајакнување на капацитетите и на посветеноста на судството во откривањето и санкционирање на корупцијата,
  • Jакнење на отпорноста од корупција во судството, градење личен и професионален интегритет и
  • Активно учество во елиминирање на факторите  кои придонесуваат за создавање на лоша перцепција кај јавноста во врска со корупција во судството
  • Развивање отчетност  за јавните набавки и  планирањето и трошењето на средствата
  • Елеминирање на услови за коруптивни  активности при вработување

 

 

 

АКЦИОНЕН  ПЛАН

 

 

ЦЕЛИ

 

Р.бр

Активност

Носител

Соработка

Временска рамка

1.

Зголемување на нивото на одговорност и демонстрирана волја за борба против корупцијата

1.1

Одговорноста  на секој поединец, во рамките на неговите службени  должности,  иако е регулирана, недоволно и нецелосно  во пракса се  реализира поради различни причини, кои не кореспондираат со  потребата за објектиност и неселективност во постапувањето. Потребно е потемело следење на работата на секој поединец:  член на Советот, вработен во Советот,  судија и вработен во судовите, редовно реагирање на детектираните слабости и процесуирање на случаите кои укажуваат на коруптивни дејствија.Посебно претседателите на судовите, каде изостанува рекција, иако е законска обврска, да покажат јасна определба и видлива активност во врска со  нетолеранција и  на несоодветно однесување, можни случаи  на корупција и судир на интереси

Судскиот совет на РСМ

 

Генерален секретар на ССРСМ

 

Претседатели на судови

 

Судски администратори

 

 

трајно

1.2

Редовно и ажурно постапување по поднесени претставки и барања за  утврдување на одговорност

Судски совет на РСМ

Претседате-ли на судови

Судии

трајно

1.3.

Информирање на јавноста за определбата  за борба со корупцијата и нетолерантност на односи кои генерираат корупција или   посредно создаваат перцепција за корупција

 

Претседател на  Судскиот совет на РСМ

 

Претседатели на судови

 

Лица задолжени за односи со јавноста

 

 

трајно

2

Јакнење на интегритетот и отчетноста на судиите и судската служба, членовите на Судскиот совет и вработените во Стручната служба на Советот,  базирано на систем на вредности и критериуми за квалитет. Градење и промовирање на култура на интегритет.

2.1

Следење на почитувањето на законските прописи и кодексите за етичко однесување

Претседателот и членовите  Судскиот совет на РСМ

Генералниот секретар  на Судскиот совет на РСМ

Претседатели на судови

Судски администратори

 

 

трајно

2.2

Усогласување на  Кодексот за етика на членовите на Судскиот совет со Законот за Судкиот совет (Службен весник   на РСМ бр 102 / 2019) и новите  практики во оваа област. Изготвување упатство за примена со корисни  практики

Судски совет на РСМ

 

втора половина на  2022 година 

2.3

Меѓународна соработка за размерна на искуства и добри практики 

 

Судски совет  на РСМ

 

трајно

3

Спроведување на надлежностите на Судскиот совет и судовите на законски, транспарентен, етички, економичен, одговорен и ефективен начин

 

3.1

Следење на резултатите преку доставени квартални и годишни  извештаи за работа.  

 

Членови и вработени во Судскиот совет на РСМ

 

Претседатели на судови

 

трајно

3.2

Редовно известување   за секој  случај на било какво  влијание или притисок, писмено реагирање од страна на Судскиот совет на  РСМ и судовите и јавност на процесот.

Сите субјекти во судството

 

трајно

4

Поддршка во дигитализација на судството

 

4.1

Вмрежување на електронските податоци и достапност  на електронски  акти (уверенија , потврди и слично, кои се издаваат од страна на судовите)

 

Судскиот совет на РСМ

 

Националното тело за ИКТ

во тек

 

5

Јакнење транспарентноста  во работењето

5.1

Транспарентност во работењето на судовите и Судскиот совет на РСМ, отвореност преку јавност во работењето, информирање на јавноста, соработка со медиумите

Претседател на Судскиот совет

 

Претседатели на судови

 

Лица задолжени за комуникација со јавноста

 

 

трајно

5.2

Детално  образлагање на причините за донесените одлуки, избегнување на користење на обрасци со општи формулации, со што ќе се постигне  индивидуализирање на одлуките за секој случај одделно и редовно објавување на донесените одлуки 

 

Судскиот совет на СРМ

 

Претседателите на судовите и судиите

 

трајно

5.3

Едукација за развивање на вештините

 

Судскиот совет на РСМ

Академија за судии и јавни обвинители

Континуира-но

6

Подигнување на јавната свест и спроведување антикорупциска едукација

6.1

Следење и активно учество во  реализирање на Националната стратегија за спречување на корупција  и судир на интереси во делот на правосудството со  координација

Судскиот совет на РСМ

 

 

ДКСК

МВР

ОЈО за организиран криминал

 

трајно

7

Мотивирање на граѓаните д а пријават корупција и судир на интереси

7.1

Користење печатени брошури и употреба на веб страната на Судскиот совет на РСМ и веб страните на судовите  за  информирање за начинот на пријавување,  содржината на претставките и содржината на барањата за утврдување на одговрност, последното, со цел да се намали  бројот на отфрлени  барања поради формален недостаток, односно, навременост или  нецелосност

 

Судски совет на РСМ

Сите судови

 

веднаш

8

Зајакнување на капацитетите и на посветеноста во откривањето и санкционирање на корупцијата и судирот на интереси, во Судскиот совет  и судовите

 

8.1

Реагирање на секаков  облик на можна корупција  или судир на интереси, споделување податоци со ДКСК, финансиска полиција  и   надлежното ОЈО

 

Судски совет на РСМ

Претседатели на судови

 

 

трајно

8.2

Формирање регистар или дополнување на програмата „регистар на судии“ со податоци  за поднесени претставки,  како е оценета претставката , законски основ  и дали е нешто преземено, како и податоци за поднесени барања за утврдување на одговорност, одлука, законски основ, дали е преземно нешто  по барање кое е отфрлено поради формални недостатоци,  а според содржината не е очигледно неосновано. 

Судски совет на РСМ

 

 

2022

9

Jакнење на отпорноста од корупција во судството, градење личен и професионален интегритет

 

9.1

Едукации, промовирање на Кодексот за етика на судиите и судиите поротници и Кодесот за етика на членовите на Судскиот совет, добрите практики за етичко однесување

Судскиот совет на РСМ

 

 

Академија за судии и јавни обвинители

 

трајно

9.2

Овозможување подобар статус на судиите и вработени во судовите,  членовите на Судскиот совет на РСМ и вработените во Советот. Актуелизирање на состојбата, потребите, наметнување  постојано на проблемите и лобирање

Судскиот совет на РСМ

 

Судски буџетски совет

 

трајно

10

Активно учество и брза реакција  во елиминирање на факторите кои придонесуваат за создавање на лоша перцепција кај јавноста во врска со корупција во судството

10.1

Пријавување на  случаи и следење на состојбите

Судскиот совет на РСМ

 

Претседатели на судови

 

Советот на јавни обвинители 

Судови

Јавни обвинител-ства

Адвокатска комора

трајно

11

Развивање отчетност  за јавните набавки, како  и  планирањето и трошењето на средствата

 

11.1

Редовно информирање 

 

Судски буџетски совет

Претседатели на судови

 

 

трајно

11.2

Внатрешна ревизија

Судски совет на РСМ-Стручна служба

Судови – стручна служба

 

трајно

12

Елиминирање на услови за коруптивни  активности при вработување и унапредување

 

12.1

Задолжително пријавување на  постоење роднински и пријателски врски при одлучување и изземање  од постапување 

 

Претседатели и

комисии за оценка и рангирање

 

 

трајно

12.2

Задолжително пријавување на секаков вид на притисок и влијание  во работата и при примената  на  критериумите за оценка и рангирање на кандидатите

Претседатели и

комисии за оценка и рангирање

 

 

трајно

 

 

 

ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА АКЦИОНИОТ ПЛАН

 

 Сите чинители  имаат обврска да ги испорачаат определените мерки и активности.

Имплементацијата на планот  мора да биде транспарентен процес, односно јавноста, треба да биде постојано информирана за преземените мерки/активности и очекувани резултати. Во таа насока, комуникацијата со јавноста е многу важна.

Друг важен момент за имплементацијата се ресурсите и тоа: човечките ресурси се најважниот столб и од аспект на очекуваните резултати (јакнење на интегритетот на човечките ресурси во судството), како и од аспект на имплементацијата на планот.

Покрај човечките ресурси, потребни се и материјални ресурси за непречено одвивање на борбата против корупција.

 

 

Методи на следење на  индикаторите:

 

- број на  обвиненија и правосилно осудени лица од судството и Судскиот совет  на РСМ  за  корупција

-број на претставки, број на основани претставки и број на неосновани претставки,

- број на поднесени барања за утврдување  на одговорност  на судии, број на отфлени  барања,  број на запрени постапки, број на  прифатени барања и видови на  изречени мерки,

- анкети  организирани од Судскиот совет на РСМ или изведени со помош на  невладини организации за перцепцијата на корупција.

 

 

За реализирањето на  Акциониот план,  Комисијата  изготвува   годишен извештај.

 

Акциониот план се донесува  со цел да се утврди рамката на дејствување, а  истиот  ќе се надоградува  според  тековните потреби и потребите за усогласување со активностите што ги преземаат другите инсистуции согласно со Планот за борба против корупцијата на Владата на Република Северна Македонија  од март 2021  и Националната стратегија за спречување на корупцијата  и судирот на интереси  2021-2025 донесена од Државната комисја за спречување на корупцијата.

 

За реализирање на наведените активности за кои ќе бидат  потребни финансиски средства, истите ќе се обезбедуваат според годишен план  и по можност ќе бидат вклучени донатори.

 

                                                                                               СУДСКИ СОВЕТ НА

                                           РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

                                                                    Претседател

                                                             Павлина Црвенковска