Соопштение од 287-та седница одржана на ден 16.10.2018 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 287-та седница одржана на ден 16.10.2018 година

Соопштенија за јавност  |  16.10.2018
Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 287-та седница одржана на ден 16.10.2018 година, усвои нов Дневен ред и одлучи за следното...

СООПШТЕНИЕ

          Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 287-та седница одржана на ден 16.10.2018 година, усвои нов Дневен ред и одлучи за следното:

1. Донесена е Одлука за назначување на двајца членови и нивни заменици на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители од редот на судиите и тоа за:
     •  Член - Оља Ристова, судија на ОС Скопје 1;
     •  Заменик член – Елизабета Дуковска, судија на АС Скопје;
     •  Член – Осман Шабани, судија на ОС Скопје 1 и
     •  Заменик член – Мелек Алија Елези, судија на АС Скопје.

2. Донесена е Одлука за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки на Судскиот совет на Република Македонија за 2018 година.

3. Донесена е Одлука за времено упатување за вршење на судиската функција на судија Сузана Милевска од Основен суд Кочани во Основен суд Берово, најдолго за период од 1 година започнувајќи од 1.11.2018 година.

4. Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Десанка Ѓаковска, судија на Основен суд Куманово, поради исполнување на услови за старосна пензија.

   Донесена е Одлука за избор на 2 (двајца) судии-поротници на Основен суд Неготино, по предлог на претседателот на судот.

  Констатиран е престанок на функција судиja-поротник на Основен суд Куманово за Зорица Младеновска, по сопствено барање.

  Констатиран е престанок на функција судиja-поротник на Основен суд Виница за Александар Цеков, по сопствено барање.