Соопштение од 267-та седница од 23.11.2017 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 267-та седница од 23.11.2017 година

Соопштенија за јавност  |  24.11.2017
Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 267-та седница одржана на ден 23.11.2017 година одлучи за следното ...

СООПШТЕНИЕ

       

Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 267-та седница одржана на ден 23.11.2017 година одлучи за следното:

1. Усвоен е:

  • Записникот од 266-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 08.11.2017  година.

2. Усвоени се конечните ранг листи на кандидатите за претседатели на Апелационен суд Штип, Основен суд Куманово, Основен суд Тетово, Основен суд Дебар и Основен суд Ресен.

3. Донесени се одлуки за избор на претседатели и тоа за:

Апелационен суд Штип

  • Наке Георгиев - судија на Апелационен суд Штип;

Основен суд Куманово

  • Снежана Манев - судија на Основен суд Куманово;

Основен суд Тетово

  • Хасан Асани - судија на Основен суд Тетово;

Основен суд Ресен

  • Емељ Кранли Али - судија на Основен суд Ресен.

Претседател на Основен суд Дебар не е избран поради тоа што кандидатите не го добија потребното мнозинство гласови согласно законот.

4. Усвоени се конечните ранг листи на кандидатите за судии на Врховен суд на Република Македонија, Апелационен суд Битола и Апелационен суд Скопје.

5. Донесени се одлуки за избор на судии и тоа за:

Врховен суд на Република Македонија - 1 (еден) судија кривична област:

  • Африм Фидани - судија на Апелационен суд Скопје;

Апелационен суд Битола - 1 (еден) судија кривична област:

  • Александар Камбовски - судија на Основен суд Битола ;

Апелационен суд Скопје - 1 (еден) судија кривична област:

  • Тања Милева - судија на Основен суд Велес,

како и 2 (двајца) судии граѓанска област:

  • Зоран Герасимовски - судија на Основен суд Тетово и
  • Мелек Алија Елези - судија на Основен суд Скопје 2.

6. Констатиран е престанок на функција на судии-поротници во Апелационен суд Штип, поради истек на мандатот за кој се избрани.

Донесена е Одлука за избор на судии-поротници на Апелационен суд Штип.

7. Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Милка Ангеловска Васевска, судија на Основен суд Скопје 1 Скопје, поради исполнување на услови за старосна пензија.


Дадена е согласност за ангажирање за вршење високообразовна дејност на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје во учебната 2017/2018 година за:

  • м-р Софија Миленкова – судија на Основен суд Скопје 2 Скопје;
  • м-р Антоанета Димовска – судија на Основен суд Скопје 2 Скопје;
  • Лидија Димчевска – судија на Апелационен суд Скопје и
  • д-р Цветанка Сиљаноска Костадиновска – судија на Основен суд Скопје 2 Скопје.