Соопштение од 381-та седница на Судски совет на РСМ - 06.09.2021 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 381-та седница на Судски совет на РСМ - 06.09.2021 година

Njoftim për opinionin  |  6 Sht 2021

Соопштение од 381-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија одржана на 6 септември 2021 година

 

 

Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната седница ја донесе Методологијата со индикатори за утврдување на сложеноста на судските предмети.

 

Преку методологијата ќе се врши утврдување на  сложеноста на секој поединечен судски предмет во граѓанската, кривичната и управната област во сите степени на судска надлежност, како и во постапките за повреда на правото на судење во разумен рок.

 

Mетодологијата пропишува индикатори врз основа на кои се утврдува степенот на сложеност на судските предмети според правната област, сложеноста на материјата и видот на судовите, како и според степенот и стварната надлежност.

 

Целта на оваа методологија е да му се овозможи на Судскиот совет преку утврдување на сложеноста и засметаното ефективно време на работата на судијата за секој поединечен судски предмет, утврдено од страна на Судскиот совет, да донесе одлука за утврдување на ориентациониот број предмети што треба да ги реши судијата во текот на една година. 

 

На денешната седница беше донесена одлука со која се констатира престанок на судиската функција на судијата Владимир Туфегџиќ, судија во Основен кривичен суд Скопје, по негово сопствено барање.

 

Судскиот совет исто така, констатираше престанок на судиската функција на Маринела Јакасановска, од Основен граѓански суд Скопје поради исполнување на условите за старосна пензија, по нејзино сопствено барање.

 

Престанок на функцијата беше констатирана и на четворица судии – поротници во Основниот суд во Берово, како и на еден судија- поротник во Основниот суд во Струга. Судскиот совет избра петмина нови судии – поротници во Основниот суд во Берово.