Соопштение [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение

Соопштенија за јавност  |  03.12.2018
Претседателот на Судскиот совет на Република Македонија, по службена должност и претседател на Судскиот буџетски совет ја информира јавноста...

СООПШТЕНИЕ

             

     Претседателот на Судскиот совет на Република Македонија, по службена должност и претседател на Судскиот буџетски совет ја информира  јавноста во врска со  изнесените реакции во медиумите за исплатата на додатоците на плата за судиите.

     Во конкретниот случај не се работи за зголемување на платата на судиите туку ќе се изврши исплата на додатоци на плата само за месец ноември 2018 година.  На ден 30.11.2018 година, Судскиот буџетски совет донесе Одлука дека се обезбедени средства  за  исплата на додатоците на плата, додека донесувањето на одлуки за исплата  за секој судија поединечно е во надлежност претседателите на судовите. Овие додатоци на плата не можат да бидат исплатени за судските службеници бидејќи   за тоа не постои  законски основ во Законот за Судска служба.

     Претседателот на Судскиот буџетски  совет преземал и ќе презема активности  со цел да се измени Законот за судска служба во поглед на додатоците на плата за судските службеници, од причина што судиите и судовите не можат да  работат без судска администрација. За таа цел откако е на функцијата претседателот на Судскиот буџетски совет барал  соодветни решенија од министрите за правда и министрите за финансии.

     Неточни се информациите дека на судските службеници незаконито им е пресметана помала плата  за време на штрајкот во 2016 година. Пресметката на плата е направена согласно  член 77 од Законот за судска служба  каде е наведено дека  за време на штрајк судскиот службеник има право на плата во висина од 60% од платата што ја примил претходниот месец. Во надлежност на претседателите на судовите во кои судската администација штрајкуваше е да ја применат оваа законска одредба, што и го сторија после утврдувањето кој  од судската администација бил активен учесник во штрајкот. бидејќи доколку платите беа исплатени во 100% ќе станеше збор за злоупотреба на буџетски средства. Судскиот буџетски совет нема законски основ  да изврши враќање на овие парични средства, туку тоа може да го стори Синдикатот на УПОЗ  согласно  одредбите од член 241 од Законот за работни односи. Судскиот буџетски совет во директна коминикација со извршната власт има изразено јасна волја доколку се изнајде правен основ на судската администрација во било која форма да им бидат исплатени парични средства  во еднаков износ колку што им е задржан.

     Неточни се инфомациите изнесени од Синдикатот на УПОЗ дека на судиите постојано им се зголемуваат платите, а дека се замрзнати платите на судската администрација. Неспорен е фактот дека и на едните и на другите последен пат со 4% им е зголемена платата во 2012 година. Оттогаш до денес судиите немаат добиено ниту зголемување на плата, ниту пак им е исплатен додаток на плата согласно Законот за изменување и дополнување на Законот платите на судиите донесен на ден 31.12.2015 година.

     На Судскиот буџетски совет не му е јасно зошто Синдикатот на УПОЗ не реагира на исплатите на додатоци на плата од овој вид за јавните обвинители и јавно обвинителски службеници.

    

                                                                                                                                                 СУДСКИ БУЏЕТСКИ СОВЕТ
                                                                                                                                                              Преседател,
                                                                                                                                                         Зоран Караџовски