Соопштение од 230-та седница на Судски буџетски совет - 27.06.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 230-та седница на Судски буџетски совет - 27.06.2024 година

Соопштенија за јавност  |  27.6.2024

 

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 230-та седница одржана на ден 27.06.2024 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет:

  1. Усвои Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец јуни 2024 година во висина од 5% за судските службеници;

Усвои Одлука за необезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец јуни 2024 година за судиите и членовите на Судскиот совет на РСМ;

Усвои Одлука за вработените во Судскиот совет на РСМ и вработените во Академијата за судии и јавни обвинители исплатата на додатоците да се изврши согласно Уредбата за утврдување поблиски критериуми и начинот на утврдување на висината за остварување на правото на додаток на плата на вработените во буџетските корисници;

  1. Разгледа Известување и барање за одобрување средства од ОС Велес Су.03-379/16 од 19.02.2024 година, известување Су-02.бр.2/24-6 од 29.04.2024 година и известување Су-05.бр.62/23-20 од 28.05.2024 година со информација.

По сеопфатната дискусија беше усвоена Одлука за одобрување на средства за ОС Велес во износ од 2.000.000 денари од ставка 421-Комунални услуги на сметка 603 заради исплата на извршни решенија наведени во горенаведените дописи.

Дополнително беше усвоен Заклучок останатиот износ на побарувани средства за оваа намена да се предвиди од сметката на сопствени приходи на ОС Велес (631) како барање за најавениот ребаланс на буџетот и по одобрување на средствата истите да бидат исплатени.

  1. Разгледа Опомена пред тужба од адвокат Тони Милошески од Гостивар, Барање од судии од ОС Кратово Су-04.бр.36/24 од 26.02.2024 година и Барање од ОС Битола Су-80/24 од 20.03.2024 година за одобрување средства и согласност за потпишување спогодби, по што усвои заклучок да се испрати допис до Министерот за финансии со барање за итна средба во насока на истакнување на проблемот за обезбедување средства за оваа намена;
  2. Разгледа Барање од Здружение на судска администрација за исплата на јубилејни награди согласно Општ колективен договор за јавниот сектор по што усвои заклучок дека СБС останува на ставот донесен по ова прашање на 218-та седница одржана на ден 29.01.2024 година;
  3. Разгледа Барање од судија на ОС Тетово д-р Верка Костовска за исплата на јубилејна награда, по што усвои заклучок да се извести барателот дека во Судскиот буџет не се предвидени средства за таа намена;
  4. Разгледа Известување од ОС Куманово 03-Су-140/24 од 23.04.2024 година во врска со зголемување на цената за достава на судските писма од страна на АД Македонски пошти по што усвои заклучок да се испрати допис до Министерство за правда во врска со проблемот и да се посочи на потребата од законски измени во насока на обезбедување на електронска достава во судовите заради ефикасна и брза достава.

Дополнително беше усвоен заклучок да се испрати циркуларно писмо до судовите за користење на електронската достава согласно расположливите услови;

  1. Разгледа Барање од ОС Кратово СУ-02.бр.10/23-31 од 09.04.2024 година за одобрување на дополнителни средства за реновирање на фасада, по што усвои Одлука дека не се обезбедуваат средства по горенаведеното барање од причина што истото е доставено до СБС по завршување на активностите;
  2. Разгледа Барање од ОС Ресен Су.бр.50/24 од 16.05.2024 година за одобрување на дополнителни средства за набавка на возило, по што усвои Одлука дека не се одобруваат средства по горенаведеното барање;
  3. Разгледа Барање од ОС Делчево 0302Су.бр.74/24 од 08.02.2024 година за вработување на определено време до 31.12.2024 година, по што усвои предлог да се повлече точката од дневниот ред заради обезбедување дополнителни податоци;
  4. Разгледа Барање од ОС Гостивар Су.бр.03-02/24 од 27.05.2024 год за исплата на бонус плати на припадници на судска полиција, по што усвои заклучок да се започне со плаќање на бонус плата за вработените кои го остваруваат ова право, а претседателите на судовите да внимаваат на распоредот за работа заради економично и одговорно трошење на буџетските средства;
  5. Разгледа Барање од Основен граѓански суд Скопје Су.05 бр.251/24 од 01.06.2024 година за дообезбедување средства за закуп на фотокопир и печатари, по што усвои Одлука за одобрување на дополнителни средства на Основен граѓански суд Скопје во износ од 195.000 денари на ставка 432-Канцелариски материјали на сметка 603, при што средствата да се обезбедат од расположливите средства на оваа ставка на прва линија буџетски корисник;

Дополнително беше усвоен заклучок да  се побара  од Основниот граѓански суд Скопје информации за исплатливоста на закуп на фотокопир и печатари;

  1. Разгледа Информација од Управниот суд Су-03.бр.0302-32/23-17 од 07.06.2024 година за текот на релизацијата на групна јавна набавка за надградба на софтвер за аудио и видео снимање на судските расправии испорака на системи за аудио-видео снимање на судските расправи;
  2. Разгледа Мислење на Министерство за финансии 08-5354/2 од 12.06.2024 година по Извештајот за реализација на судскиот буџет за 2023 година;
  3. Разгледа Конечен извештај за извршена ad hoc ревизија на процесот на исплата на трошоци за бранители по службена должност за период од 2021 до 2023 година во ОС Велес;
  4. Под точка Разно:

- усвои Заклучок да се продолжи со редовна реализација на активностите кои беа стопирани во текот на претходниот период согласно одредбите од Изборниот законик односно да се продолжи со одобрување на барања за солидарна помош, отпремнини, боледувања подолго од 6 месеци, и слично како и постапување по барањата за вработување за 2024 година:

- усвои Заклучок да се испрати допис до единките корисници на судската власт да известат за средствата кои им се потребни до крајот на годината, имајќи го предвид нивниот одобрен буџет, реализацијата на истиот и проекција на идните потреби, а со цел навремено прибирање информации во врска со најавениот ребаланс на буџетот.