Соопштение од продолжението на 438-та седница на Судскиот совет на РСМ - 09.05.2023 и 10.05.2023 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од продолжението на 438-та седница на Судскиот совет на РСМ - 09.05.2023 и 10.05.2023 година
Соопштенија за јавност
|
10.5.2023
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на продолжението на 438-та седница одржана на ден 09.05.2023 и 10.05.2023 година го измени и дополни дневниот ред и одлучи за следното:
- Формирана е Комисија за рангирање на кандидатите за избор на судија во повисок суд по оглас за избор на еден судија на Апелационен суд Гостивар и двајца судии на Апелационен суд Штип, во состав од: Лорета Горгиева - претседател на Комисијата, Мирсад Суроји и м-р Селим Адеми - членови на Комисијата;
- Донесени се Одлуки за престанок на функцијата судија поротник на Мирјана Костадинова – судија поротник на Основен суд Гевгелија и на Мимоза Таушанова Батева – судија поротник на Основен суд Штип, поради навршени 60 години старост;
- Расправаше по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Северна Македонија и тоа:
- Упп Бр.64/23,103/23, 120/23;
- Упп Бр.411/22, 125/23;
- Упп Бр. 102/23, 114/23, 126/23;
- Упп Бр. 469/22, 14/23, 38/23, 74/23, 87/23, 105/23, 117/23;
- Упп бр. 20/23, 79/23, 85/23, 121/23
- Упп Бр. 82/23, 106/23, 129/23, 136/23, 147/23
- Упп Бр. 69/23;
- Упп Бр. 92/23, 116/23, 127/23;
- Упп Бр.71/23, 98/23. 109/23, 124/23, 153/23;
- Упп Бр. 45/23, 65/23, 75/23, 100/23, 112/23, 128/23, 142/23;
- Упп Бр. 30/23, 110, 23, 122/23, 132/23, 140/23 и
Претставките со УПП бр. 268/22, 393/22, 467/22, 37/23, 73/23, 96/23, 97/23 108/23, 111/23 и 123/23 и 135/23 се одложени за наредна седница.
- Формирани се Комисии на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд.
- Донесена е Одлука со која Павле Рафајлоски, судија на Основен суд Гостивар времено се упатува за вршење на судиска функција во Основен суд Кичево, за период од 6 месеци од денот на упатувањето.