Соопштение од продолжението на 273-та седница на Судски совет на РМ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од продолжението на 273-та седница на Судски совет на РМ
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Македонија известува дека на продолжението на 273-та седница одлучи за следното:
8.Разгледан е извештајот од извршениот увид во функционалноста на информатичкиот систем и надзор над примената на одредбите од Судскиот деловник во судовите доставен од страна на Министерството за правда и е констатирано дека е потребно да се прибават дополнителни податоци од Министерство за правда и Едусофт.
9.Формирани се 5 (пет) комисии за утврдување на одговорност за судија.
10.Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Зора Треневска, судија на Апелационен суд Скопје, поради исполнување на услови за старосна пензија.
Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Миле Анѓелески, судија на Основен суд Кичево, поради исполнување на услови за старосна пензија.
Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Биљана Јанура, судија на Основен суд Скопје 2 Скопје, поради исполнување на услови за старосна пензија.
Донесена е Одлука за избор на судии-поротници на Основен суд Гостивар.
Констатиран е престанок на функција судиja-поротник на Основен суд Охрид за Тања Милеска и од Основен суд Скопје 1 Скопје на Емилија Димиќ, по нивно барање.
Констатиран е престанок на функција на судии-поротници во Основен суд Скопје 1 Скопје, за Деса Максимовска, Милена Миленковска и Стојан Петкуќевски, поради истек на мандатот за кој се избрани.
Номиниран е член на Судски совет на Република Македонија за учество во Работна група за измена и дополнување на Законот за управувањето и движењето со предметите во судовите.
Номинирани се членови на Судски совет на Република Македонија и вработени во стручната служба на ССРМ за спроведување на активности предвидени со Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 и акцискиот план.
Номинирани се членови на Судскиот совет на Република Македонија кои ќе бидат вклучени во подготовката и состаноците со експертите на Оценската мисија во областа на обуките за судството која ќе биде одржана во периодот од 23 до 26 април 2018 година.
Точките од Дневниот ред „6“ и „7“ се одложени, а датумот на одржување на седницата ќе биде дополнително соопштен.