Присуство на Претседателката Дамева на настан во Академијата на судии и јавни обвинители [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Присуство на Претседателката Дамева на настан во Академијата на судии и јавни обвинители

Соопштенија за јавност  |  01.2.2024

 

 

Присуство  на Претседателката  Дамева

на настан во Академијата на судии и јавни обвинители

 

Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева   имаше воведно обраќање на  настанот организиран од AIRE центарот и Академијата за судии и јавни обвинители на Северна Македонија, на  кој се промовираше Прирачникот за правосудство наменет за постапување во случаи на фемицид, каде покрај промоцијата се реализираше и обука на обучувачи со која беа опфатени членовите на GSJ мрежата на АИРЕ Центарот од Лондон. Покровители на мрежата се претседателката на Европскиот суд за човекови права Сифора ОЛири, поранешниот претседател на ЕСЧП Роберт Спано како и неколку истакнати судии од регионот, меѓу кои и од Република Северна Македонија.

 

Во своето обраќање, Дамева  која неодамна се приклучи на тимот на професионалци кои ја застапуваат нашата држава во оваа мрежа истакна дека од особена важност е  детектирањето и превенцијата на насилството врз жените,  дека ниедно насилство нема своја оправданост, а особено  кога истото е од родово базирани пориви и  ќе се бори  во рамки на своите надлежности за унапредување и зацврстување на позицијата на жената во нашето општество и за санкционирање на секој оној што ќе посегне по животот на жената.