Соопштение од 491-та седница на Судскиот совет на РСМ - 24.06.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 491-та седница на Судскиот совет на РСМ - 24.06.2024 година

Соопштенија за јавност  |  24.6.2024

 

 

 

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот совет на Република Северна Македонија на  491-та седница  одржана на ден 24.06.2024 година, го измени Дневниот ред и одлучи за следното:

 

1. - Записникот од 485-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 29.04.2024 година,  е усвоен без забелешки.

- Записникот од 486-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 15.05.2024 година, е усвоен  со забелешка да се преслуша тонскиот запис и доколку се констатираат наведените забелешки на расправата со Заклучок ќе се дополнат дискусиите на одредени членови.

- Записникот од 487-та итна седница, на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 20.05.2024 година е усвоен со забелешка да се исправи техничката грешка, со наведување на часот на доставување на барањето на судија на претходна постапка.

 

2. Усвоено е Упатството за измена и дополнување на Упатството за начинот на пресметување на ефективни работни часови, во членот 5 ставот 9 во насока намалувањата предвидени во овој член се собираат и може  максимум да бидат до 100%, а со цел да се обезбеди реално вреднување на работата на судиите.

 

3.- Донесена е  Одлука  за престанок на судии поротници на Основен суд Струга.

- Донесена е Одлука  за избор на судии поротници во Основен суд Струга, и тоа:

 

  • Розе Танческа
  • Ивана Пупалоски
  • Теодора Пејоска
  • Фахрета Џила
  • Бесјан Положани
  • Зоран Тодороски
  • Реике Чолаку
  • Етмира Жута  и
  • Живанка Ѓонеска.

 

4. Не е усвоен Извештајот на Комисијата за рангирање на кандидатите за избор на 10 (десет) судии во Апелационен суд Скопје, бидејќи се одлучи спорните пријави на 4-те судии ( Бетим Јахја, судија на Основен суд Тетово, Александара Поп стефанија, судија на Основен суд Охрид, Бранка Наумоска, судија на Основен кривичен суд Скопје и Дијана Нацевска, судија на Основниот граѓански суд Скопје), да се прифатат како комплетни со оглед дека документите кои судиите ги немаат доставено кон пријавите, по службена должност ги поседува Судскиот совет.

5. Донесена е одлука со која Билјана Иванова судија на Основен суд Струмица  која времено е упатена да ја извршува судиската функција во Основен суд Берово, се определува за ВД претседател на Основен суд Берово.

6. Расправано е по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Северна Македонија и тоа:

 

  • УПП бр.08-181/24;
  • УПП бр.08-154/24,163/24, 172/24;
  • УПП бр. 08-65/24, 124/24, 137/24, 147/24, 167/24, 191/24;
  • УПП бр. 08-143/24, 185/24;
  • УПП бр. 162/24;
  • УПП бр.08-79/24, 119/24, 151/24, 161/24, 178/24;
  • УПП бр.08-78/24 и 140/24;

 

Претставките УПП.бр. 85/24, 08-152/24 и 160/24 по расправата се повлечени заради спроведување на дополнителни извиди, а претставките УПП 08-46/24, 148/24 и 158/24 се повлечени при утврдување Дневен ред и истите ќе бидат разгледани на некоја наредна седница.

7. Известувањето oд Комисијата за утврдена фактичка состојба по поднесено барање за утврдување одговорност на судија  е повлечено бидејќи членовите на Комисијата на известители  не се присутни на  седница  и по истото ќе се одлучува на наредната седница.

8.Формирани се комисии на известители по поднесените барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.

 

Снимката од одржаната седницата во живо може да се отвори на следниот линк:

 

https://www.youtube.com/watch?v=eFwKHzRqa14