Соопштение [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение

Соопштенија за јавност  |  14.11.2017
На ден 13.11.2017 година – понеделник во просториите на Судскиот совет на Република Македонија се одржа состанок помеѓу претседателот на Судскиот совет г-дин Зоран Караџовски и претставници од ...

СООПШТЕНИЕ

     На ден 13.11.2017 година – понеделник во просториите на Судскиот совет на Република Македонија се одржа состанок помеѓу претседателот на Судскиот совет г-дин Зоран Караџовски и претставници од Центарот за правни истражувања и анализи, во врска со проектот ,, Подобрување на квалитетот на правдата во Македонија преку градење на капацитетите за судии и мониторирање на судските реформи‘‘ финансиран од Амбасада на Велика Британија.

    Во рамките на овој проект ќе се спроведе мерење на перформансите во правосудството и во таа насока на состанокот беше разговарано за начинот на кој ќе се изврши пилот истражување во неколку судови во Република Македонија.

     Главен методолошки инструмент е матрицата на индикатори за мерење на перформансите во правосудството која се состои од пет области на работата: ефикасноста, транспарентноста и одговорноста, квалитетот на судската правда, независноста и непристрасноста, професионалниот развој и соодветната застапеност.

    Целни групи ќе бидат судиите и судските службеници, адвокатите, јавните обвинители, нотарите, извршителите, медијаторите, правните лица и Академијата на судии и јавни обвинители.

 

 


.