Студиска посета во Хаг, Кралство Холандија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Студиска посета во Хаг, Кралство Холандија

Соопштенија за јавност  |  19.7.2024

 

 

Студиска посета во  Хаг, Кралство Холандија

 

Во периодот од 15 до 18 јули 2024 година,  претседателката и  членовите на Судскиот Совет на Република Северна Македонија остварија студиска посета во Хаг, Кралство Холандија, организирана и со финансиска поддршка од проектот на CILC, Матра, за кое Советот изрази особена благодарност.

Целта на оваа студиската посета беше обезбедување на идеја за начинот на организација на Судскиот Совет и неговата интеракција со судството и другите релевантни органи во секторот на правосудството, запознавање и компаративна анализа на методите и практиките  кои  се применуваат  во двете земји, а  истото е од особено значење во насока на зајакнување на меѓународната соработка .

Во рамките на посетата беа организирани средби и состаноци со претседателот на Судскиот совет на Холандија - Хенк Навес, како и претставници од Советот, со претседателката на Апелациониот суд во Хаг - Мариеке Колк, а воедно беа остварени средби и со претставници на  Државниот совет и  Министерството за правда.

Одржаните средби и состаноци се од исклучително значење за Судскиот совет на Република Северна Македонија имајќи во предвид дека пренесеното искуство од страна на претставниците  на институциите од Холандија која е  земја членка на ЕУ е во насока на  запознавање со практиките и стекнување на искуство, кое во наредниот период Судскиот совет ќе го имплементира во рамки на своите надлежности.