Членови на Судски Совет на РМ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Членови на Судски Совет на РМ

Членовите на Советот во вршењето на функцијата член на Советот се еднакви во правата и обврските.

Член на Советот ги има следниве права, обврски и одговорности:

  •     учествува во работата и во одлучувањето на Советот;
  •     дава иницијативи, предлози и мислења по прашања од надлежност на Советот;
  •     учествува во работата на работните тела на Советот во кој е избран;
  •     по заклучок на Советот остварува увид во работата на судија и презема други дејствија и за тоа му поднесува извештај на Советот;
  •     одговорен е за повреда на Уставот и закон во врска со вршење на функцијата во Советот и
  •     врши и други работи определени со овој закон.

Престанок на мандат на член на Советот

На член на Советот му престанува мандатот:

  •     со истекот на времето за кое е избран;
  •     по негово барање;
  •     со исполнување на условите за старосна пензија согласно со законот;
  •     ако е осуден со правосилна судска пресуда за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеца или друго кривично дело кое го прави недостоен да ја врши функцијата член на Судскиот совет;
  •     ако на член на Советот му се утврди трајна неспособност за вршење на функцијата и
  •     ако е избран на друга јавна функција или професија.

 

 Лорета Горгиева

 Лорета Горгиева

Име и презиме :
Лорета Горгиева
Година на избор:
18.12.2018
Област на која работи судијата:

Работно искуство:

На 18.12.2018 година е избрана за член на Судски совет на Република Македонија.

 Зоран Теофиловски

 Зоран Теофиловски

Име и презиме :
Зоран Теофиловски
Година на избор:
18.12.2018
Област на која работи судијата:

Работно искуство:


На 18.12.2018 година избран е за член на Судски совет на Република Македонија од редот на судиите од Апелационо подрачје Гостивар.

 Мирсад Суроји

 Мирсад Суроји

Име и презиме :
Мирсад Суроји
Година на избор:
18.12.2018
Област на која работи судијата:

Работно искуство:

На 18.12.2018 година е избран за член на Судски совет на Република Македонија.

 Киро Здравев

 Киро Здравев

Име и презиме :
Киро Здравев
Година на избор:
18.12.2018
Област на која работи судијата:

Работно искуство:

На 18.12.2018 година е избран за член на Судски совет на Република Македонија.

 Гордана Спиревска

 Гордана Спиревска

Име и презиме :
Гордана Спиревска
Година на избор:
18.12.2018
Област на која работи судијата:

Работно искуство:

На 18.12.2018 година е избрана за член на Судски совет на Република Македонија.

 Сашко Георгиев

 Сашко Георгиев

Име и презиме :
Сашко Георгиев
Година на избор:
11.09.2018
Област на која работи судијата:

Образование:

Дипломиран на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 07.05.1997 година.

Правосудниот испит го положил во 2000 година.

Работно искуство:

Од 2001-2008 година вработен како адвокат во адвокатска канцеларија во Штип.

На 07.02.2008 година избран за судија во Основен суд Штип, каде до 2 018 година работеше како судија-кривичар.

Во периодот од 2014-2016 година е член на Управен одбор на Здружение на судии на Република Македонија, по што во 2017 година е избран за претседател на Здружението на судии на подружницата во Основен суд Штип.

Од 2014 година е активен едукатор-предавач од кривична материја во Академијата за судии и обвинители на Република Македонија.

Од 2015 година е предавач во ОБСЕ на тема „Криминал од омраза“.

На ден 11.09.2018 година е избран за член на Судски совет на РМ.
 

 Владе Богданоски

 Владе Богданоски

Име и презиме :
Владе Богданоски
Година на избор:
13.10.2016
Област на која работи судијата:

Образование:

Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1984 година.
Правосудниот испит го положил во 1993 година.

Работно искуство:

- 1985 - 1993 година - Правник во Текстилна фабрика Готекс Гостивар;
- 1993 - 2006 година - Адвокат во Гостивар;
- 2006 - 2008 година - Заменик Јавен правобранител на РМ за подрачје Скопје;
- 2008 - 2011 година  - Државен правобранител за подрачје Скопје;
- на 20.09.2011 година повторно избран за Државен правобранител за подрачје Скопје, со траен мандат.
 
Со Одлука на Собрание на Република Македонија на 13.10.2016 година е избран за член на Судскиот совет на Република Македонија.
 
Статусна позиција:
Член на Судски совет на Република Македонија.
 

 Зоран Караџовски

 Зоран Караџовски

Име и презиме :
Зоран Караџовски
Година на избор:
26.08.2014
Област на која работи судијата:

Образование:

Дипломирал на Правниот факултет во Скопје на 24.09.1992 година.  
 
Правосудниот испит го положил во 1999 година.

Работно искуство:

Од 1997 до 2008 година – Советник во Вишо јавно обвинителство Битола.
 
Во 2008 година избран е за судија на Основен суд Битола, каде работи до 2013 година.
 
На 15.08.2013 година е избран за судија на Апелациониот суд Битола, каде ја обавува функцијата судија до 26.08.2014 година.
 
На 26.08.2014 година е избран за член на Судски совет на Република Македонија од редот на судиите од Апелационо подрачје Битола.
На 26.04.2016 година е избран за Претседател на Судски совет на Република Македонија.

 Лидија Каначковиќ

 Лидија Каначковиќ

Име и презиме :
Лидија Каначковиќ
Година на избор:
05.10.2013
Област на која работи судијата:

Образование:

Дипломирала во 1983 година на Правниот факултет во Скопје.
Правосудниот испит го положила во 1985 година во Скопје.

Работно искуство:

1984 - 1986 година - приправник и стручен соработник во Општински суд Велес;     
1986 - 1996 година - судија во Општински суд Велес;
1996 - 2007 година - судија во Основен суд Велес;
2007 - 2011 година - судија на Управен суд;
2011 - 2013 година - судија на Вишиот управен суд;
На 05.10.2013 година по предлог на Собрание на Република Македонија е избрана за член на Судски совет на Република Македонија.

 Шемседин Јусуфи

 Шемседин Јусуфи

Име и презиме :
Шемседин Јусуфи
Година на избор:
29.01.2014
Област на која работи судијата:

Образование:

Дипломирал во 1983 година на Правен факултет во Скопје.
Правосудниот испит го положил во 1989 година во Скопје.

Работно искуство:

Од 1984 до 1990 година - Собрание на Општина Тетово;
Од 1990 до 1996 година - Шеф на отсек за правни и општи работи во Министерство за одбрана на Република Македонија, ПЕ Тетово;
Во 1996 година избран за судија на Основен суд Тетово;
На 29.01.2014 година избран е за член на Судски совет на Република Македонија од редот на судиите кои не се мнозинство во Република Македонија.
На 26.04.2016 година избран е за Заменик претседател на Судски совет на Република Македонија.

Најнови вести


Сите вести