Членови на Судски Совет на РСМ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Членови на Судски Совет на РМ

Членовите на Советот во вршењето на функцијата член на Советот се еднакви во правата и обврските.

Член на Советот ги има следниве права, обврски и одговорности:

  •     учествува во работата и во одлучувањето на Советот;
  •     дава иницијативи, предлози и мислења по прашања од надлежност на Советот;
  •     учествува во работата на работните тела на Советот во кој е избран;
  •     по заклучок на Советот остварува увид во работата на судија и презема други дејствија и за тоа му поднесува извештај на Советот;
  •     одговорен е за повреда на Уставот и закон во врска со вршење на функцијата во Советот и
  •     врши и други работи определени со овој закон.

Престанок на мандат на член на Советот

На член на Советот му престанува мандатот:
•        со истекот на времето за кое е избран;
•        по негово барање;
•        ако е разрешен од судиската функција согласно со закон;
•        ако е осуден со правосилна судска пресуда за кривично дело злоупотреба на службена должност и     овластување во вршење на функцијата или друго кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци што го прави недостоен за вршење на функцијата член на Советот;
•        ако на член на Советот му се утврди трајна неспособност за вршење на функцијата и
•        ако е избран на друга јавна функција или професија.

 

 

 Сашко Георгиев

 Сашко Георгиев

Име и презиме :
Сашко Георгиев
Година на избор:
11.09.2018
Област на која работи судијата:

Образование:

Дипломиран на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 07.05.1997 година.

Правосудниот испит го положил во 2000 година.

Работно искуство:

Од 2001-2008 година вработен како адвокат во адвокатска канцеларија во Штип.

На 07.02.2008 година избран за судија во Основен суд Штип, каде до 2018 година работеше како судија-кривичар.

Во периодот од 2014-2016 година е член на Управен одбор на Здружение на судии на Република Македонија, по што во 2017 година е избран за претседател на Здружението на судии на подружницата во Основен суд Штип.

Од 2014 година е активен едукатор-предавач од кривична материја во Академијата за судии и обвинители на Република Македонија.

Од 2015 година е предавач во ОБСЕ на тема „Криминал од омраза“.

На ден 11.09.2018 година е избран за член на Судски совет на Република Македонија.

 

Статусна позиција:
Член на Судски совет на Република Македонија.

Прва<12>Последна