Членови на Судски Совет на РСМ
ActionsЧленови на Судски Совет на РМ
Членовите на Советот во вршењето на функцијата член на Советот се еднакви во правата и обврските.
Член на Советот ги има следниве права, обврски и одговорности:
- учествува во работата и во одлучувањето на Советот;
- дава иницијативи, предлози и мислења по прашања од надлежност на Советот;
- учествува во работата на работните тела на Советот во кој е избран;
- по заклучок на Советот остварува увид во работата на судија и презема други дејствија и за тоа му поднесува извештај на Советот;
- одговорен е за повреда на Уставот и закон во врска со вршење на функцијата во Советот и
- врши и други работи определени со овој закон.
Престанок на мандат на член на Советот
На член на Советот му престанува мандатот:
• со истекот на времето за кое е избран;
• по негово барање;
• ако е разрешен од судиската функција согласно со закон;
• ако е осуден со правосилна судска пресуда за кривично дело злоупотреба на службена должност и овластување во вршење на функцијата или друго кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци што го прави недостоен за вршење на функцијата член на Советот;
• ако на член на Советот му се утврди трајна неспособност за вршење на функцијата и
• ако е избран на друга јавна функција или професија.
Мирсад Суроји
Мирсад Суроји
Образование:
Дипломирал во 2004 година на Правен факултет – Државен Универзитет во Тетово, а правосудниот испит го положил во 2008 година.
Работно искуство:
Од 2005-2007 година работи како приправник во Основен суд Куманово.
Од 2007-2009 година работи во Општина Куманово – Сектор за даноци и такси – Одделение за утврдување и наплата на данок на промет на наследство и подарок како член на Комисијата.
Од 2009-2012 година работи како судски соработник во Основен суд Куманово.
Во декември 2012 година е избран за судија во Основен суд Куманово – кривичар.
Преку Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ ги има поминато обуките за стручно усовршување во областа во која работи.
Има учествувано на многу други регионални и меѓународни конференции, а исто така бил на студиски престој во Вашингтон ДС и Оклахома во САД организирана од Амбасадата на САД во РСМ.
На ден 18.12.2018 година е избран за член на Судски совет на РМ.
Статусна позиција:
Член на Судски совет на Република Македонија.
Антоанета Димовска
Антоанета Димовска
Образование:
12.06.2017 година
- Магистер по право, насока - Граѓанско материјално и процесно право - Универзитет Св.Кирил и Методиј, Правен факултет Јустинијан I
1982-1987 година
- Правен факултет – Универзитет Кирил и Методиј - Скопје
1978-1982 година
- Средно медицинско училиште, Д-р Панче Караѓозов - Скопје
1970-1978 година
- Основно училиште
Работно искуство:
Април 2007 година
- Судија – Основен Суд Скопје 2, Скопје граѓанска парница(Основен граѓански суд)
Јуни 1996 – Април 2007 година
- Судија – Основен Суд Скопје 1, Скопје стопански престапи, управно сметководствени спорови, граѓанска парница и член на стечаен совет
Јуни 1995 – Јуни 1996 година
- Стручен соработник - Општински Суд Скопје 2, Скопје - граѓанска и кривична област
Декември 1994 – Јуни 1995 година
- Советник – Министерство за одбрана на Република Македонија во граѓанска област
Август 1989 – Декември 1994 година
- Стручен соработник - Општински Суд Скопје 2 Скопје
Јануари 1988 – Август 1989 година
- Приправник (волонтер) - Општински Суд Скопје 2 Скопје
14.07.2023 година - избрана за член на Судскиот совет на Република Северна Македонија
Статусна позиција:
Член на Судски совет на Република Македонија.
Објавени трудови и активности:
- Едукатор и ментор во Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев од нејзиното формирање до денес.
- Со заклучок на Судскиот совет на Република Македонија одобрено ангажирање во практичната настава – предавач на насоката граѓанско материјално и граѓанско процесно право по предметите стварно право 2 и граѓанско процесно право -применета програма при Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје во период од учебната 2010 година, па до 2018/2019 година. Постојана соработка со Правниот факултет Јустинијан Први за практична обука на студенти за примена на Облигационото и процесното право.
- Одржани едукации во Академијата за судии и обвинители, во областа на граѓанското право, како процесното, така и материјалното право секоја година во согласност со програмата на Академијата за судии и јавни обвинители, во почетната и континуираната едукација..
- Одржани обуки во делот на примената на одредбите од Законот за семејството, за привремени мерки за заштита од семејно насилство.
- Одржани обуки од областа на односите со јавноста и пристапот до информации од јавен карактер.
- На покана на здружението на правници и здружението на правници од здравството, одржани излагања и учество во работилници. Oбјавени трудови во Судската ревија на тема дејството на одлуките на Уставниот суд во примената на законите кои се укинати или поништени и во стручното списние Правник од областа на сопственосно правните односи и примената на Законот за парничната постапка.
- Организирање на разни активности со ученици, студенти и граѓани заради доближување на судскиот систем до граѓаните.
- Во 2010 година доделено признание за најдобро лице зa односи со јавноста во судството од страна на Програмата за реформи во судството на USAID Македонија.
- Во 2012 година доделено признание од USAID Македонија за особените напори за развитокот на целите на USAID Македонија и за исклучителна и инспиративна жена.( For outstanding efforts to further USAID/Macedonians development goals and objectives and for being an exceptional role model and inspiration to women in Macedonia).
- Национален тутор за ХЕЛП он лајн курсеви на Советот на Европа за примена на член 1 протокол 1 од Конвенцијата за заштита на човекови права.
- Член на комисијата за изготвување на нацрт на законот за Сопственост и други стварни права.
- Член на комисијата за изготвување на нацрт Законот за парнична постапка 2019/2021 година.
- Член на комисијата за кодификација на граѓанското право 2022 година и во тек.
Сашко Георгиев
Сашко Георгиев
Образование:
Правосудниот испит го положил во 2000 година.
Работно искуство:
На 07.02.2008 година избран за судија во Основен суд Штип, каде до 2018 година работеше како судија-кривичар.
Во периодот од 2014-2016 година е член на Управен одбор на Здружение на судии на Република Македонија, по што во 2017 година е избран за претседател на Здружението на судии на подружницата во Основен суд Штип.
Од 2014 година е активен едукатор-предавач од кривична материја во Академијата за судии и обвинители на Република Македонија.
Од 2015 година е предавач во ОБСЕ на тема „Криминал од омраза“.
На ден 11.09.2018 година е избран за член на Судски совет на Република Македонија.
Член на Судски совет на Република Македонија.