Општи податоци (надлежности и историјат) [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Општи податоци (надлежности и историјат)

ИСТОРИЈАТ НА РЕПУБЛИЧКИОТ СУДСКИ СОВЕТ

Од донесувањето на Законот за РСС во 1992 година, па се до денес функционирале три состави на Републичкиот судски совет.

Првиот состав е избран на 26.01.1994 година со мандат од 6 години, до 03.02.2000 година. Членови на тој состав се: Тихомир Велковски (претседател од 04.02.1994 до 04.02.1997 година), Мугбил Бејзат (претседател од 04.02.1997 до 03.02.2000 година), Вера Терзиева Тројачанец, д-р Осман кадриу, д-р Љупчо Арнаудовски, Василије Ристовски, Никола Крстески и Рафил Черепналкоски.

Вториот состав на Републичкиот судски совет е избран на 03.02.2000 година. Членови на вториот состав се Рафаил Черепналкоски (претседател од 07.02.2000 до 02.02.2001 година). Јордан Дескоски (претседател од 02.02.2001 до 23.09.2003 година), д-р Кирил Чавдар, Благородна Дулиќ, Махмут Јусуфи, Мустафа Дардхишта, Стојанче Рибарев и Томислав Стојановски.

Третиот состав на Советот е избран на 23.09.2003 година. За членови на Советот избрани се Ленче Софрониевска (претседател од 22.10.2003 година), Абдулселам Канзоски, м-р Југослав Миленковиќ, Мустафа Дардхишта, Ангел Солев, Симеон Никодиновски и Ментор Ќоку.

 

НАДЛЕЖНОСТИ НА ССРМ

Советот е надлежен:

  • да ги избира и разрешува судиите;
  • да ги избира и разрешува претседателите на судовите;
  • да утврдува престанок на судиската функција;
  • да избира и разрешува судии поротници;
  • да ја следи и оценува работата на судиите;
  • да одлучува за дисциплинска одговорност на судиите;
  • да утврдува нестручно и несовесно вршење на судиската функција;
  • да утврдува престанок на судиска функција поради трајна неспособност за работа на судија;
  • да одлучува за одземање на имунитет на судија;
  • да одлучува по барање за одобрување на притвор на судија;
  • да предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија од редот на судиите;
  • да го разгледува годишниот извештај на Врховниот суд на Република Македонија за утврдените начелни ставови и начелни правни мислења по прашања од значење на обезбедување на единство во примена на законите;
  • да одлучува за времено отстранување на судија од вршење на судиска функција;
  • да го утврдува бројот на потребните судиски места по судови;
  • да ги разгледува и оценува тримесечните и годишните извештаи за работа на судовите и истите јавно да ги објави на својата веб страница;
  • да постапува по претставки и поплаки на граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите;
  • да се грижи за угледот на судиите и довербата на граѓаните кон судството;
  • да поднесува годишен извештај за работата;
  • да донесе деловник и други општи акти со кои ги уредува работите од својата надлежност;
  • да утврдува ориентационен број на предмети што треба да ги реши судијата месечно и
  • да врши и други работи утврдени со закон.

 

Избор на судии
Разрешување на судии

Најнови вести

  • Информација

    Соопштенија за јавност  | 03.12.2019
    Во рамки на проектот „Посета на Државни институции“ основното училиште “Никола Вапцаров“ од Скопје го посети Судскиот совет на Република Северна Македонија... [повеќе]
  • Соопштение за 326-та седница на Судски совет на РСМ - 13.12.2019 година

    Соопштенија за јавност  | 03.12.2019
    Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе одржи седница на ден 13.12.2019 година (петок) со почеток во 9,30 часот во салата на Судскиот совет на Република Северна Македонија со следниот:... [повеќе]
  • Соопштение

    Соопштенија за јавност  | 02.12.2019
    Соопштение [повеќе]

Сите вести