Управен Суд [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Lajm

%%
%%

Управен Суд

Njoftim për opinionin  |  2 Mar 2016
Во врска со наводите од соопштението на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, дека помеѓу останатите институции и Управниот суд се вбројува во листата на институции кои одбиваат соработка со обвинителството и на тој начин го отежнуваат и оневозможуваат неговото работење, изјавуваме дека истите се во целост невистинити и неосновани.

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

            Во врска со наводите од соопштението на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, дека помеѓу останатите институции и Управниот суд се вбројува во листата на институции кои одбиваат соработка со обвинителството и на тој начин го отежнуваат и оневозможуваат неговото работење, изјавуваме дека истите се во целост невистинити и неосновани.

            Имено, Управниот суд во рамките на своите надлежности во комуникацијата со сите државни органи и институции постапува законски и професионално, давајќи им еднаков третман на сите органи и инстиуции со кои соработува.

            Во таа смисла, ваквиот начин на постапување е императив во работењето на Управниот суд, па оттаму на ист начин е постапено и во досегашната соработка со Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, во рамките на која сите предмети кои досега се побарани од страна на ова обвинителство од наша страна се доставени на увид.

            Имено, на ден 14.12.2015 година од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите побарани се списи по еден предмет и истите со наш допис СУ-03.бр.0302-745/12 од 16.12.2016 година, се  доставени до наведеното обвинителство и уредно примени од нивна страна на ден 18.12.2015 година.

            Понатаму, на ден 11.01.2016 година, од страна Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, побарани се списи за уште еден предмет, кој со наш допис СУ-03.бр.0302-13/16 од 12.01.2016 година, се доставени и уредно приемни од нивна страна на 12.01.2016 година.

            На ден 25.01.2016 година, од наведеното обвинителство побарани се списи по 24 предмети. Со наш допис СУ-03.бр.0302-46/16 од 11.02.2016 година, уредно примен од нивна страна на 27.01.2016 година, доставени се списите по бараните предмети, освен списите по два предмети, кои се дополнително доставени и примени од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите  на 12.02.2016 година. 

            Оттука, јасно произлегува тенденциозноста и невистинитоста на наводите на обвинителството за неконзистентноста во работењето на Управниот суд при соработката со наведената институција, за што сме навистина непријатно изненадени.

            Сметаме дека ваквите наводи претставуваат директен атак врз Управниот суд и истите се со тенденција за нарушување пред се на угледот на Судот, а оттаму и на судството воопшто.

            Во секој случај Управниот суд и понатаму останува отворен за соработка со сите институции, вклучувајќи го и Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, во рамките на која ќе останеме доследни на почитување на законите и Судскиот деловник, а воедно и задржувајќи ги професионалните стандарди на однесување.  

                                                                                                             Со почит,

                                                                                                            УПРАВЕН СУД

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_