СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Новости  |  29.9.2020
УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите: Марта Телегравчиска - претседател на советот, м-р Снежана Трповска и Газменд Фејзуљи - членови на советот, со записничар Мирјанка Тренчевска - виш судски соработник, решавајќи по тужбата на тужителите ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД Скопје застапувана од Димитар Бојаџиоски од Скопје в.д. член на Управен одбор, ГОФИ - Група на финансирање и инвестиции СА, Мелиде Швајцарија со седиште во Швајцарија застапувано од Управителот Родолфо Пацоли од Бреџа во Лугано, преку полномошник Коста Костовски од Скопје и Е.Х.Х Eастерн Хемиспхере Холдинг СА со седиште во Торино застапувано од Управителот Родолфо Пацоли од Береџа во Лугано преку полномошник Коста Костовски од Скопје, сите преку овластен полномошник – адвокат Славко Секулов од Скопје, за поништување на решение бр.15-20149/1 од 12.08.2020 година на Народната банка на Република Северна Македонија, застапувана од Гувернерот Анита Ангеловска Бежовска од Скопје, согласно член 14 став 1 од Законот за управните спорови во врска со член 203 став 2 од Законот за парничната постапка, на седницата одржана на ден 23.09.2020 година, донесе Решение У-6.бр.1555/2020

 

УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите: Марта Телегравчиска - претседател на советот, м-р Снежана Трповска и Газменд Фејзуљи - членови на советот, со записничар Мирјанка Тренчевска - виш судски соработник, решавајќи по тужбата на тужителите ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД Скопје застапувана од Димитар Бојаџиоски од Скопје в.д. член на Управен одбор, ГОФИ - Група на финансирање и инвестиции СА, Мелиде Швајцарија со седиште во Швајцарија застапувано од Управителот Родолфо Пацоли од Бреџа во Лугано, преку полномошник Коста Костовски од Скопје и Е.Х.Х Eастерн Хемиспхере Холдинг СА со седиште во Торино застапувано од Управителот Родолфо Пацоли од Береџа во Лугано преку полномошник Коста Костовски од Скопје, сите преку овластен полномошник – адвокат Славко Секулов од Скопје, за поништување на решение бр.15-20149/1 од 12.08.2020 година на Народната банка на Република Северна Македонија, застапувана од Гувернерот Анита Ангеловска Бежовска од Скопје, согласно член 14 став 1 од Законот за управните спорови во врска со член 203 став 2 од Законот за парничната постапка, на седницата одржана на ден 23.09.2020 година, донесе Решение У-6.бр.1555/2020, со кое:

Тужбата на тужителите ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД Скопје застапувана од Димитар Бојаџиоски од Скопје в.д. член на Управен одбор, ГОФИ - Група на финансирање и инвестиции СА, Мелиде Швајцарија со седиште во Швајцарија застапувано од Управителот Родолфо Пацоли од Бреџа во Лугано, преку полномошник Коста Костовски од Скопје и Е.Х.Х Eастерн Хемиспхере Холдинг СА со седиште во Торино застапувано од Управителот Родолфо Пацоли од Береџа во Лугано преку полномошник Коста Костовски од Скопје, сите преку овластен полномошник – адвокат Славко Секулов од Скопје изјавена против решението на Народната банка на Република Северна Македонија бр.15-20149/1 од 12.08.2020 година, застапувана од Гувернерот Анита Ангеловска Бежовска од Скопје, СЕ ОТФРЛА.

Наведеното Решение е донесено со образложение дека во конкретниот случај над субјектот ЕУРОСТАНДАРД Банка АД Скопје е отворена стечајна постапка и согласно Законот за стечај и Законот за трговски друштва е извршена промена на податоците во централниот регистар на Република Северна Македонија на субјектот во називот како ЕУРОСТАНДАРД Банка АД Скопје EUROSTANDARD Bank AD Skopje – во стечај или кратко име ECB-АД Скопје ESB-AD Skopje - во стечај, каде овластено лице е стечајниот управник Душко Тодевски и само тој има овластувања да го застапува субјектот во правниот промет. Од овие причини Управниот суд ја отфрли тужбата на тужителите да можат да поднесат тужба поради непостоење на активна легитимација, а согласно членот 203 став 2 од Законот за парнична постапка, на чија примена упатува членот 14 став 1 од Законот за управните спорови.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_