Средба помеѓу Претседателот на Управниот Суд г-дин Бурим Сејдини и Директорот на Агенцијата за примена на јазиците г-дин Илбер Села [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Средба помеѓу Претседателот на Управниот Суд г-дин Бурим Сејдини и Директорот на Агенцијата за примена на јазиците г-дин Илбер Села

Новости  |  20.12.2019
Средба помеѓу Претседателот на Управниот Суд г-дин Бурим Сејдини и Директорот на Агенцијата за примена на јазиците г-дин Илбер Села

Во просториите на Управниот Суд на ден 19.12.2019 год., се реализираше работна средба помеѓу Претседателот на Управниот Суд г-дин Бурим Сејдини и Директорот на Агенцијата за примена на јазиците г-дин Илбер Села . На средбата, од страна на претставниците на Агенцијата беше изложена потребата и начинот на примена на законот за употреба на јазиците како и анализа на досегашната институционална практика по однос на неговото доследно применување. Претседателот Сејдини изразувајќи го своето задоволство од средбата со директорот Села, ја поздрави готовноста на Агенцијата во поглед на поддршката што ја дава кон институциите во делот на имплементација на законот. Особен акцент  беше ставен  на досегашните напори кои Управниот Суд ги има преземено а кои пред се се состојат во примена на двојазичноста на официјалната веб страна на Судот, институционалните табли како и печатите и останатите службени документи. Претседателот Сејдини отворено ја нагласи потребата од зајакнување на капацитетите во рамки на Управниот Суд за обезбедување на професионални лектори и преведувачи како клучни носители на примена на процесот, како и потребата за интензивирање на меѓуинституционалната соработка во насока на промовирање, зачувување и зајакнување на правото на граѓаните за користење на службени јазици во Република Северна Македонија.

 Управен суд

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_