Сoопштение за одржување на јавни расправи
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Сoопштение за одржување на јавни расправи
Новости
|
14.4.2024
Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 14.04.2024 година:
С О О П Ш Т Е Н И Е
Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 14.04.2024 година:
- со почеток во 16:00 часот во судница 8, ќе се одржи јавна расправа по предметот УРП.бр.77/24, оформен по поднесена тужба од Политичката партија „Работничка партија“ од Скопје, против Одлуката бр.10-1021/5 од 12.04.2024 година на Државната изборна комисија;
- со почеток во 16:00 часот во судница 3, ќе се одржи јавна расправа по предметот УРП.бр.78/24, оформен по поднесена тужба од Политичката партија „Десна“ од Скопје, против Одлуката бр.10-1211/12 од 12.04.2024 година на Државната изборна комисија;
- со почеток во 16:30 часот во судница 3, ќе се одржи јавна расправа по предметот УРП.бр.79/24, оформен по поднесена тужба од Политичката партија „Нова Алтернатива“ од Скопје, против Одлуката бр.10-1212/8 од 12.04.2024 година на Државната изборна комисија;
- со почеток во 16:30 часот во судница 8, ќе се одржи јавна расправа по предметот УРП.бр.80/24, оформен по поднесена тужба од Политичката партија „Работничка партија“ од Скопје, против Одлуката бр.10-1211/6 од 12.04.2024 година на Државната изборна комисија.
Претседател на Управен суд
m-r Burim Sejdini