СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 09.11.2025 година вo 15:40 часот, судечкиот совет по предметот УРП.бр.111/25, оформен по тужба поднесена од ИСКУСТВО ЗА УСПЕХ - Либерално демократска партија, Граѓанска опција за Македонија, Интегра - Македонска конзервативна партија и Партија за целосна еманципација на ромите, против Решение бр.11-4284/2 од 07.11.2025 година на Државната изборна комисија, ја донесе и јавно ја објави следнатa одлука.
Во име на граѓаните на Република Северна Македонија, Претседателот на советот по советувањето и гласањето јавно ја соопшти Одлуката по тужбата со следната изрека:
П Р Е С У Д А
Тужбата на тужителот ИСКУСТВО ЗА УСПЕХ - Либерално демократска партија, Граѓанска опција за Македонија, Интегра - Македонска конзервативна партија и Партија за целосна еманципација на ромите од РСМ против Решението на Државна изборна комисија на Република Северна Македонија број 11-4284/2 од 07.11.2025 година, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.
Решението на Државна изборна комисија на Република Северна Македонија број 11-4284/2 од 07.11.2025 година, СЕ ПОТВРДУВА.
Целосната одлука со образложение на истата ќе биде објавена на Судскиот портал, согласно рокот определен во Изборниот законик.
Претседател на Управен суд
m-r Burim Sejdini