СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите Лидија Ивановска како претседател на советот, д-р Едита Насковска и Нада Иванова, како членови на советот, со записничарот Биљана Димовска, помлад судски соработник, решавајќи по тужбата на тужителот Трговско радиодифузно друштво ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево-Кичево, со седиште на Булевар Ослободување бр.9, Кичево, поднесена преку законски застапник управител Мерита Адили с. Србица, Кичево за поништување на Решение на Република Северна Македонија - Државната Изборна Комисија Бр.11-2079/1 од 16.09.2021 година за упис во регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали), за платено политичко рекламирање за Локални избори 2021, по одржана јавна седница на советот на 30.09.2021 година, на која присуствуаше полномошникот на тужителот Наим Зенку со уредно полномошно издадено од управителот Мерита Адили село Србица, Кичево, издадено на ден 30.09.2021 година, и овластен преставник на тужен орган Билал Сулејмани од Гостивар, со уредно полномошно издадено од Претседателот на тужениот орган, согласно член 69-а и 75-ѓ од Изборен законик, донесе и објави:
П Р Е С У Д А
Тужбата на тужителот Трговско радиодифузно друштво ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево-Кичево изјавена против Решение бр.11-2079/1 од 16.09.2021 година донесено од Република Северна Македонија - Државната Изборна Комисија на Република Северна Македонија, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.