СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 17.05.2024 година во 18:30 часот, судечкиот совет по предметот УРП.бр. 88/24, оформен по тужба поднесена од Коалиција ЕВРОПСКИ ФРОНТ на Парламентарните избори 2024, против Решение број УП1 10-21/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, ја донесе и јавно ја соопшти изреката на одлуката
Во име на граѓаните на Република Северна Македонија, Претседателот на советот по советувањето и гласањето јавно ја соопшти Одлуката по тужбата со следната изрека:
П Р Е С У Д А
Тужбата на тужителот Коалиција „ЕВРОПСКИ ФРОНТ“ Предводена од ДЕМОКРАТСКА УНИЈА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА (Движење на народот - ДН, Демократска партија на Албанците, Европска демократска партија ЕДП, Демократска партија на Турците, Полтичка партија Унија на Ромите - УРА, Политичка партија Бошњачки Демократски Сојуз – БДС) изборна кампања - Парламентарни избори 2024 година, во Изборна единица 1, 2, 3, 4, 5 и 6, поднесена против Решение на Државната изборна комисија на Република Северна Македонија УП1.бр.10-21/1 од 14.05.2024 година, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.
Целосната одлука со образложение на истата ќе биде објавена на Судскиот портал, согласно рокот определен во Изборниот законик.
Претседател на Управен суд
m-r Burim Sejdini