ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/2023
Вести
- Почетна
- >
- Вести
ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/2023
Су-04.бр. 0401- 318/23
31.08.2023 година
С к о п ј е
Врз основа на член 17 став 1, член 20 став 1 точка 1 и член 25 од Законот за судска служба („Службен весник на РМ“ бр.43/2014, 33/2015, 98/2015, 06/2016, 198/2018, 248/2018и 235/2022) и Правилникот за форма и содржина на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на доказите и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката за селекција во зависност од категориите на работни места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници („Службен весник на РМ“ бр.236/2018), како и Согласноста за пополнување на слободни работни места од Судски буџетски совет бр.08-1402/6 од 15.12.2022 година и бр.08-1402/8 од 19.12.2022 година, Управниот суд на 05.09.2023 година објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/23
За вработување судски службеници на неопределено време, за следните работни места:
1. Судски советник за постапување по претставки и предлози – Категорија В, Ниво В-1 – 1 (еден) извршител
Услови за вршење на работите:
Стручни квалификации:
-стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правен факултет и положен правосуден испит
Работно искуство:
- најмалку 3 години работно искуство во струката по положен правосуден испит
Посебни работни компетенции:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски);
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.
Нето платата на судскиот службеник ќе изнесува 36.619,00 денари.
Работни часови неделно: 40 часа; Работно време од 07:30 до 15:30; Дневна пауза од 11:00 до 11:30 часот; Работни денови: од понеделник до петок.
2. Судски советник за јавни набавки – Категорија В, Ниво В-1 – 1 (еден) извршител
Услови за вршење на работите:
Стручни квалификации:
-стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правен факултет и положен правосуден испит
Работно искуство:
- најмалку 3 години работно искуство во струката по положен правосуден испит
Посебни работни компетенции:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски);
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.
Нето платата на судскиот службеник ќе изнесува 36.619,00 денари.
Работни часови неделно: 40 часа; Работно време од 07:30 до 15:30; Дневна пауза од 11:00 до 11:30 часот; Работни денови: од понеделник до петок.
3. Советник – информатичар – Категорија В, ниво В-1 – 1 (еден) извршител
Услови за вршење на работите:
Стручни квалификации:
300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен факултет од областа на информатиката (Факултет за електротехника и информациски технологии или Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство);
Работно искуство:
- најмалку 3 години работно искуство во струката
Посебни работни компетенции:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски);
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.
Нето платата на судскиот службеник ќе изнесува 36.619,00 денари.
Работни часови неделно: 40 часа; Работно време од 07:30 до 15:30; Дневна пауза од 11:00 до 11:30 часот; Работни денови: од понеделник до петок.
Напомена за сите работни места предвидени во огласот:
Кандидатите се должни да се пријават на огласот со Пријава за вработување на судски службеник и истата можат да ја подигнат во Управниот суд од приемна писарница или да ја симнат од интернет страната на Судот
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци.
Кандидатите за судски службеници во постапката за вработување преку јавен оглас, активното познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски), ќе го докажуваат со полагање испит за судски службеник – дел за проверка на знаење на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски).
Кон пријавата кандидатите кои се пријавуваат на огласот за работно место:
1. Судски советник за постапување по претставки и предлози, задолжително ги доставуваат доказите за податоци внесени во истата, во оригинал или копија заверена на нотар:
- уверение најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- уверение за положен правосуден испит
- доказ за работно искуство во струката по положен правосуден испит
- уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци)
- лекарско уверение за општата здравствена состојба (не постаро од 6 месеци)
- уверение или потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност (не постаро од 6 месеци)
- диплома, сертификат или уверение како доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
2. Судски советник за јавни набавки, задолжително ги доставуваат доказите за податоци внесени во истата, во оригинал или копија заверена на нотар:
- уверение најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- уверение за положен правосуден испит
- доказ за работно искуство во струката по положен правосуден испит
- уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци)
- лекарско уверение за општата здравствена состојба (не постаро од 6 месеци)
- уверение или потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност (не постаро од 6 месеци)
- диплома, сертификат или уверение како доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
3. Советник – информатичар, задолжително ги доставуваат доказите за податоци внесени во истата, во оригинал или копија заверена на нотар:
- уверение најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- доказ за работно искуство во струката
- уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци)
- лекарско уверение за општата здравствена состојба (не постаро од 6 месеци)
- уверение или потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност (не постаро од 6 месеци)
- диплома, сертификат или уверение како доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија
- активно да го користи македонскиот јазик
- да е полнолетен
- да има општа здравствена способност за работното место
- да не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење на професија, дејност или должност.
Рокот за пријавување на кандидатите е 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавување на огласот во дневните весници. Условите наведени во огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Кандидатите се должни да поднесат пријава за вработување (Образец) како и докази за исполнување на општите и посебните услови во оригинал или копија заверена на нотар, по пошта или преку приемното одделение на Судот.
Кандидатите се должни во пријавата задолжително да наведат име и презиме, матичен број, датум и место на раѓање, припадност на заедница, адреса и место на живеење, контакт адреса, електронска адреса, контакт телефон, работното место и бројот на оглас за кои кандидатот се пријавува. Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка. Ненавремени и неуредни пријави нема да бидат предмет на разгледување.
Времето и датумот на одржувањето на административната селекција, испитот и интервјуто ќе се објават на интернет страната на Судот.
Кандидатите пријавата можат да ја поднесат во писмена форма преку приемното одделение на Управен суд или по пошта на адреса ул.„Даме Груев“ бр.6 Скопје (со назнака за Јавен оглас за вработување бр.2/2023).
Управен суд