СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 26.10.2025 година вo 19,05 часот, судечкиот совет по предметот УРП.бр.90/25, оформен по тужба поднесена од Политичката партија на Унија на Роми Скопје - локални избори 2025 година, застапувана од Фатима Османовска од Скопје, преку полномошник Срѓан Амет од Скопје, против Решение бр.11-3091/2 од 25.10.2025 година на Државната изборна комисија, ја донесе и јавно ја објави следнатa одлука:
Во име на граѓаните на Република Северна Македонија, Претседателот на советот по советувањето и гласањето јавно ја соопшти Одлуката по тужбата со следната изрека:
П Р Е С У Д А
Тужбата на тужителот ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА УНИЈА НА РОМИ СКОПЈЕ - ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025, застапувана од овластено лице Фатима Османовска од Скопје, поднесена против Решението Бр.11-3091/2 од 25.10.2025 година, на тужениот орган Државна изборна комисија на Република Северна Македонија, СЕ УВАЖУВА.
Решението Бр.11-3091/2 од 25.10.2025» година, на тужениот орган Државна изборна комисија на Република Северна Македонија, СЕ ПРЕИНАЧУВА И СЕ ОДЛУЧУВА:
Приговорот «бр.11-3091/1 од 21.10.2025 година, поднесен од ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА УНИЈА НА РОМИ СКОПЈЕ - ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025, застапувана од овластено лице Фатима Османовска од Скопје, за постапката при сумирање и утврдување на резултатите од гласањето за избор на членови на Советот на Општина Шуто Оризари на избирачко место 2966 Општина Шуто Оризари, СЕ УВАЖУВА.
Резултатите од спроведеното гласање за избор на членови на Советот на Општина Шуто Оризари на избирачко место 2966 Општина Шуто Оризари по кандидатски листи за избор на членови на Советот на Општина Шуто Оризари на избирачко место 2966 Општина Шуто Оризари, СЕ ПОНИШТУВААТ.
Целосната одлука со образложение на истата ќе биде објавена на Судскиот портал, согласно рокот определен во Изборниот законик.
Претседател на Управен суд
m-r Burim Sejdini