Изјава за медиуми од Претседателот на Управен суд Бурим Сејдини [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Изјава за медиуми од Претседателот на Управен суд Бурим Сејдини

Новости  |  11.7.2023
Изјава за медиуми од Претседателот на Управен суд Бурим Сејдини

                                                                                                

            РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА                    REPUBLIKA E MAQEDONISË SE VERIUT

                          УПРАВЕН СУД                                                              GJYKATA ADMINISTRATIVE

                              СКОПЈЕ                                                                               SHKUP

                                                          

Почитувани,

Сo должна почит кон јавниот интерес, јавноста, Вас новинарите и транспарентноста на Управниот суд денес одлучив да се одважам и да одговорам на изнесените шпекулации и невистини во јавноста, иако на  предходно  вакви анонимни пријави не ценев за потребно да дадам свој коментар и било какво произнесување. Сепак ценам, дека поради потребата за зајакнување на инстутиционалната независност, довербата во судството, која во овие времиња е од суштество значење за граѓаните, како и постигнување на целта за независно судство, потребно е лично да дадам изјава, бидејќи сметам дека овие вредности се од значење за пристапување на нашата држава кон Европската унија и се во согласност со јавно изнесените размислувања на меѓународните пријатели на Република Северна Македонија.

            Многу интересно е што се лиферуваат непотврдени информации во јавноста дека се поднесени “анонимни“ кривични пријави од вработени во Управниот суд дирекно против Бурим Сејдини, како Претседател на Управниот суд. Имено, анонимноста на кривичните пријави, не соодетствува со околноста дека истите се поднесени од вработените во Судот, па оттука, анонимноста на пријавите, недвосмислено упатува на фактот дека покрај обидот за мојата лична дискредитација, се прави обид и за нарушување на институционалниот капацитет и интегритет на Судот, макотрпно создаден изминатите години.

 Најодговорно тврдам  дека во Управниот суд немало, нема и нема да има рачна распределба на судски предмети, додека јас раководам со Судот како што е пренесено од медиумите, согласно наведеното во пријавата. Имено, распределбата била и ќе биде единствено преку АКМИС системот и согласно Судскиот деловник кој што ја уредува распределбата на предмети, па следствено се останато е на шпекулативно ниво и ваквите тврдења со индигнација го отфрлам.

Тенденцијата и обидите за нарушување на угледот на Судот и мојот личен углед и интегритет, преку манипулација на јавноста со наводна ситуација што секој еден што влегол во Суд знае дека, Претседател на суд не е во состојба да влијае како би застарел предмет, а особено што во управно -судската постапка не е можно да се застари предмет од областа на даноците и царините, имајќи ги предвид законските рокови за застареност предвидени со соодветните прописи за овие побарувања, кои исклучиво се однесуваат на постапувањето пред органите на управата, при што, Судот во ваква ситуација е единствено надлежен да констатира застареност, кога истата настапила пред тужениот орган. Оттука, ниту јас како Претседател на Судот, ниту пак системот за електронско управување со судски предмети АКМИС, располага со податоци кога одреден предмет ќе добие третман на застарен даночен или царински долг, за истите да бидат предмет на манипулација од моја или било чија страна.

Шпекулацијата за наводно причинета штета од милиони евра изнесена во пријавата, за која штета во пријавата е наведено дека цитирам не е утврдена од Управата за финансиската полиција и од Државната комисија за спречување на корупција, оставам да ја цени јавноста и на совест на оние што го приредуваат овој циркус. Ова од причина што, Управниот суд е сериозна институција и ќе продолжиме да работиме како би изградиле нови капацитети сите заедно, јас, судиите, стручните соработници и стручно – административните службеници, совесно, транспарентно, посветено и единствено согласно закон, при тоа одбегнувајќи и ограничувајќи ги личните интереси на поединци, групи и на дневните политички случувања.

Иако, дискурсот на јавниот простор е облеан со различни шпекулации, сметам и се одлучив лично да ја изнесам вистината на Вас, почитуваните новинари и јавноста.

 Ако ова е процес на засилување на капацитетите на нашата држава, ќе го издржиме и ова и се друго кое што има карактер на шпекулација и невистина, а се во интерес на нашите граѓани и нашата држава.

 

Претседател на Управен суд,

m-r Burim Sejdini

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_