СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
С О О П Ш Т Е Н И Е
УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите: Нада Иванова - претседател на советот, Мустафа Шахини и Весна Јовановска - членови на советот, со записничар Незаат Реџепи - помлад судски соработник, одлучувајќи по тужбата на тужителот Подносителот на листа Група избирачи Сали Алиов за членови на Совет на Општина Радовиш за Локални избори 2017 година, изјавена против решението на тужениот орган - Општинската изборна комисија Радовиш, бр.11-88/1 од 15.09.2017 година, на нејавна седница одржана на ден 17.09.2017 година, едногласно, а согласно со член 67 став 7 од Изборниот законик донесе Пресуда Урп.бр.124/2017 со која тужбата на тужителот Подносителот на листа Група избирачи Сали Алиов за членови на Совет на Општина Радовиш за Локални избори 2017 година, изјавена против решението на тужениот орган Општинската изборна комисија Радовиш, бр.11-88/1 од 15.09.2017 година, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.
Донесената одлука во целост ќе биде објавена најдоцна наредниот ден од денот на објавување на ова соопштение.