СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Новости  |  29.6.2020
Управниот суд ги известува граѓаните на Република Северна Македонија, дека во саботата и неделата (на 27.06.2020 година и 28.06.2020 година) а во врска со COVID-19

                   

Република Северна Македонија

             УПРАВЕН  СУД

    Су-03.бр.0302-21/2020-1

            29.06.2020 година

                  С к о п ј е

 

 

  СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

 

Управниот суд ги известува граѓаните на Република Северна Македонија, дека во саботата и неделата (на 27.06.2020 година и 28.06.2020 година), на двајца вработени од Управен суд, еден судија и еден стручен соработник, им е направен позитивен тест на вирусот КОВИД-19.

Имено, од наша страна превземени се сите потребни мерки за заштита на вработените во судот, односно денес рано наутро, извршена е целосна дезинфекција на сите простории во судот.

 Воедно, во текот на денот, до Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија и Центарот за јавно здравје, Управниот суд достави барање за детален скрининг на вработените во Судот, за вирусот КОВИД-19, имајќи ја во предвид природата на работата на Управниот суд, а со оглед дека на 15 јули 2020 година, се закажани предвремени парламентарни избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, за кои исклучива надлежност во постапувањето и одлучувањето по изјавените тужби во делот на „Изборното право“ го има Управниот суд.

Со оглед на наведеното, нема да биде дозволен влез на неслужбени лица во просториите на Управен суд, освен лицата по претходна најава, поради присуство во судот во врска со означениот вид на предемет од итна природа како и прием на поднесоци со законски преклузивни рокови.

Контролата и легитимирањето на лицата на влезот во Управен суд ќе ја вршат припадниците на судската полиција вработени во судот согласно правилата на службата, кои по извршената безбедносна проверка ќе ги упатуваат лицата во соодветните простории на судот.

Се укажува, лицата за кои не е неопходно да не доаѓаат без оправдана причина во судот и сите информации поврзани со предметите и постапката по истите, странките може да ја остварат преку телефонските броеви објавени на веб-порталот на Управен суд, во делот „контакт информации“-„за судот“, по пошта или по електронски пат на e-mail: upravensud@usskopje.mk

Управен суд укажува дека напред наведените мерки се неопходни за заштита на здравјето и животот на граѓаните во околности кога заштитата, почитувањето и унапредувањето на човековите права и основни слободи претставува една од целите и функциите на судскат власт, а имајќи ги во предвид обемот на надлежност и работа на Управен суд за територија на целата држава, како и големиот број на судски предмети што доведува до зголемена фрекфенција на луѓето во судот.

 

Со почит,

 

                                                                          Претседател на Управен суд

                                                                           m-r Burim Sejdini

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_