СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Во име на граѓаните на Република Северна Македонија, Претседателот на советот по советувањето и гласањето јавно ја соопшти Одлуката по тужбата со следната изрека:
П Р Е С У Д А
Тужбата на тужителот Коалиција „ЕВРОПСКИ ФРОНТ“ Предводена од ДЕМОКРАТСКА УНИЈА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА (Движење на народот - ДН, Демократска партија на Албанците, Европска демократска партија ЕДП, Демократска партија на Турците, Политичка партија Унија на Ромите - УРА, Политичка партија Бошњачки Демократски Сојуз – БДС) изборна кампања - Парламентарни избори 2024 година, во Изборна единица 1, 2, 3, 4, 5 и 6, поднесена против Решението на Државна Изборна Комисија на Република Северна Македонија УП1.бр.10-33 од 27.05.2024 година, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.
Решението на Државна Изборна Комисија на Република Северна Македонија УП1.бр.10-33 од 27.05.2024 година, СЕ ПОТВРДУВА.
Претседател на Управен суд
m-r Burim Sejdini