Информација за транспарентност на Управниот суд во управно-судските постапки поврзани со изборниот процес
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Информација за транспарентност на Управниот суд во управно-судските постапки поврзани со изборниот процес
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА REPUBLIKA E MAQEDONISE SE VERIUT
УПРАВЕН СУД GJYKATA ADMINISTRATIVE
СКОПЈЕ SHKUP
СУ.03.бр.0302-125/24
06.06.2024 година
Информација
За транспарентност на Управниот суд во управно-судските постапки поврзани со изборниот процес
Со цел отворено и објективно информирање на јавноста за управно судските постапки кои се од особен јавен интерес, преку средствата на јавното информирање, Управниот суд во предметите кои што беа оформени по тужби по членовите 148, 149 и 149-а од Изборниот законик, за избори за Претседател на Република Северна Македонија и за избор на Пратеници во Собранието на Република Северна Македонија 2024 година, направи напори навремено да ја информира јавноста за судските постапки во согласност со одредбите на Изборниот Законик како и одредбите на Судскиот деловник. Во таа насока беа преземени следните дејствија:
- За сите оформени предмети поврзани со изборниот процес и за текот на постапките по истите јавноста беше информирана преку соопштенија објавени на веб порталот на судот. Па така во периодот од 14.04.2024 до 30.05.2024 година беа објавени вкупно 22 соопштенија за јавност, линкови во прилог:
- Поради зголемен интерес од јавноста односно од новинари/медиуми кои бараа следење на јавните расправи заради јавно информирање, Управниот суд брзо и ефикасно постапуваше по сите поднесени барања од медиумите за следење на јавните седници повразни со изборните предмети, и тоа: Македонска рдиотелевизија, Сител Телевизија, Телевизија 21, Алсат Телевизија, Канал 5 Телевизија, Медиумската информативна агенција-МИА, Телма Телевизија и согласно член 104 став 3 и член 105 од Судскиот деловник, Претседателот на судот донесе вкупно 12 Решенија со кои одобри следење со техничка опрема поради визуелно (видео) и звучно (аудио) снимање, известување и фотографирање и јавно прикажување (репродуцирање) на јавните седници во 8 предмети заведени под референтни броеви УРП бр.86/24, УРП бр.87/24, УРП бр.88/24, УРП.бр.89/24, УРП бр.90/24, УРП бр.91/24, УРП бр.92/24 и УРП бр.93/24, а сите поврзани со изборниот процес.
- Канцеларијата за односи со јавност одговараше на сите барања упатени по електронски или телефонски пат од страна на новинари, медиумски куќи и други заинтересирани лица, по однос на поставени прашања за информации во врска со овие постапки. Воедно, постапуваше по барањата на новинарите за следење на јавните расправи, при што обезбедуваше писмени согласности од странките во согласност со постапката предвидена во Судскиот деловник.
- Претседателот на Управниот суд m-r Burim Sejdini на ден 17.05.2024 година одржа прес-конференција, во прилог линк:
1. |
https://fokus.mk/sejdnini-gi-otfrla-tvrdenata-mmdeka-vrshi-pritisok-vrz-sudiite-vo-upraven/ |
2. |
|
3. |
|
4. |
- Поради сето погоре наведено, медиумите беа во можност транспарентно да известуваат за судските постапки кои се водеа во Управниот суд, во продолжение дел од вестите и известувањата од медиумите:
Канцеларија за односи со јавност
Претседател на Управен суд
m-r Burum Sejdini