СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите: Димитрула Апостоловска - претседател на советот, Валентина Конеска и Билјана Никодиновска Петровска - членови на советот, со записничар –судски соработник м-р Едита Исахи, одлучувајќи по тужбата на тужителот ИНТЕГРА-МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА, за локални избори 2021 година, поднесена преку полномошник Адвокат Бојан Манев, изјавена против решението на Општинска изборна комисија Охрид бр.11-130/2 од 13.09.2021 година, за поднесување на листи на кандидати за градоначалник на Општина Охрид, на нејавната седница на советот, одржана на ден 15.09.2021 година, согласно член 67 став 9 од Изборниот законик донесе пресуда Урп.бр.26/2021 со која:
Тужбата на тужителот ИНТЕГРА-МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА, за локални избори 2021 година, поднесена преку полномошник Адвокат Бојан Манев, изјавена против решението на Општинска изборна комисија Охрид бр.11-130/2 од 13.09.2021 година, за поднесување на листи на кандидати за градоначалник на Општина Охрид, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.
Решението на Општинската изборна комисија Охрид бр.11-130/2 од 13.09.2021 година, СЕ ПОТВРДУВА.
Донесената одлука во целост ќе биде објавена најдоцна наредниот ден од денот на објавување на ова соопштение, во модулот “Одлуки” на веб страната на судот.