Јавен оглас бр.2/19 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас бр.2/19

Новости  |  02.7.2019
За вработување судски службеници на неопределено време

     

Република Северна  Македонија

      УПРАВЕН СУД

      Су-04.бр.0401-664/19

        01.07.2019 година

           С к о п ј е

                                                                            

 

            Врз основа на член 25 од Законот за судска служба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.43/2014, 33/2015, 98/2015  и 6/2016) во врска со член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“ бр.198/18):

 

УПРАВНИОТ СУД

објавува

ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/2019

За вработување судски службеници на неопределено време, за следните работни места:

 

  1. Самостоен судски референт, Сметководител-Категорија Г, Ниво Г1 – 1 (еден) извршител

 

Посебни услови:

-најмалку вишо или средно економско образование и најмалку 3 години работно искуство во струката

- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систаматизација на работните места за соодветното работно место, согласно член 12 од Законот за судска служба  („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2014 и бр.198/18).

- Нето платата ќе изнесува 18.238,00 денари

- Работни часови неделно- 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, работни денови од понеделник до петок.

 

  1. Судски советник- Категорија В, Ниво В1 – 1 (еден) извршител

 

Посебни услови:

-стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правен факултет со положен правосуден испит со најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систаматизација на работните места за соодветното работно место, согласно член 11 од Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2014 и бр.198/18).

- Нето плата ќе изнесува 27.260,00 денари

- Работни часови неделно- 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, работни денови од понеделник до петок  

 

  1. Помлад судски референт (извршител во писарница) – Категорија Г, Ниво Г4 - 1 (еден) извршител;

                        

Посебни услови:

-најмалку вишо или средно образование со или без работно искуство

- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систаматизација на работните места за соодветното работно место, согласно член 12 од Законот за судска служба  („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2014 и бр.198/18).

- Нето платата ќе изнесува 15.265,00 денари

- Работни часови неделно- 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, работни денови од понеделник до петок  

 

  1. Виш судски соработник – Категорија В, Ниво В2 - 1 (еден) извршител;

                        

Посебни услови:

-стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правен факултет со положен правосуден испит со најмалку 2 (две) година работно искуство во струката

- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систаматизација на работните места за соодветното работно место, согласно член 11 од Законот за судска служба  („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2014 и бр.198/18).

Нето плата ќе изнесува 24.487,00 денари

Работни часови неделно- 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, работни денови од понеделник до петок  

 

  1. Помлад судски соработник – Категорија В, Ниво В4- 1 (еден) извршител;

                        

Посебни услови:

-стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правен факултет со со или без работно искуство

- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систаматизација на работните места за соодветното работно место, согласно член 11 од Законот за судска служба  („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2014 и бр.198/18).

Нето плата ќе изнесува 23.126,00 денари

Работни часови неделно- 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, работни денови од понеделник до петок

                                            

 

Покрај наведените посебни услови, предвидени во Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Управен суд, заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување, предвидени во член 21 став 1 од Законот за судска служба  („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2014 и бр.198/18) и тоа:

  • Да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • Активно да го користи македонскиот јазик,
  • Да е полнолетен,
  • Да има општа здравствена способност за работното место и
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност

 

Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена, сметано од денот на објавување на огласот. Условите наведени во огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Кандидатите се должни да поднесат пријава за вработување (Образец) како и докази за исполнување на општите и посебните услови во оригинал или копија заверена на нотар, по пошта или преку архивата на судот.

Кандидатите се должни во пријавата задолжително да наведат име и презиме, матичен број, датум и место на раѓање, припадност на заедница, адреса и место на живеење, контакт адреса, електронска адреса, контакт телефон, работното место и бројот на оглас за кои кандидатот се пријавува.Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка.Ненавремени и неуредни молби нема да бидат предмет на разгледување.

Времето и датумот на одржувањето на административната селекција, испитот и интервјуто ќе се објават на интернет страницата на судот.

Кандидатите пријавата можат да ја поднесат во писмена форма преку приемното одделение на Управен суд или по пошта на адреса ул.Орце Николов ББ Скопје (со назнака за Јавен оглас за вработување бр.2/18).

 

                                                                     Претседател на Управниот суд

                                                                                                                      

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_